ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија бара одговори, МНР кажа зошто не беше дозволен влез на Ковачев во Македонија
МНР ОБЈАСНИ ЗОШТО КОВАЧЕВ НЕ МОЖЕШЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Министерството за надворешни работи преку соопштение во јавноста му одговори на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дека му бил забранет влез во Македонија на 6 мај поради сознание дека патувал во група заедно со пет лица за кои постојат индиции дека претставувале ризик по мирот и безбедноста за земјата.
Претходно Ковачев преку бугарските медиуми побара од МНР официјално да му објасни која е причината што не му било допуштено да патува во Македонија.
Овој чекор со „црните листи“ е огромна грешка во Северна Македонија, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кому на 6 ма му беше забранет влез во Македонија поради безбедносни причини.ОСМАНИ ВЕЛИ ДЕКА КОГА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ПРОПАГАНДАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ПАДНЕ ВО ВОДА
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за Гласот на Америка рече дека очекува комисијата за уставни измени наскоро да излезе амандманите кои ќе се претстават во јавноста со цел да се отвори јавна дебата.
Со ова, вели Османи, ќе се расчистат сите дилеми околу уставните измени и дека тие само го зацврстуваат мултиетничкиот карактер на државата.ЗАКАНИ ЗА МАСАКРИ ВО СРБИЈА
Mаж влегол во Соборниот храм во Ниш и оставил заканувачки писмо, дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Kако што пишуваат српските медиуми, човекот е забележан на 7 мај од црковната безбедносна камера, а видеото веќе кружи на социјалните мрежи.
Имал долга коса и носел ранец на грбот. Тој ја искористил приликата за време на крштевањето и влегол во олтарот каде оставил заканувачко писмо дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Од полицијата во Ниш, велат дека овој случај им e пријавен во понеделникот на 8 мај и дека истрагата е во тек.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
