Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бучковски понуди гаранции на Бугарија, а Борисов го мачат две теми

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бучковски понуди гаранции на Бугарија, а Борисов го мачат две теми

БУЧКОВСКИ ПОНУДИ НОН-ПЕЈПЕР ВО БУГАРИЈА

„Отсекогаш мислам дека на масата на преговорите можат да бидат најдени решенија. Тековните и следните генерации нема да ни простат ниту на Бугарија, ниту пак Република Северна Македонија што не сме нашле компромис да се отвори перспектива “ изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот состанок денеска со специјајалниот пратеник на македонската влада, Владо Бучковски. 

Со цел да се најде одржливо и трајно решение за преостанатите отворени прашања во билатералните односи, според премиерот, неопходен е прагматичен, искрен и добронамерен пристап изразен во конкретни активности.

Maкедонија нуди нон-пејпер на Бугарија со цел да се надмине спорот и да се отстрани блокадата. 

Специјалниот преставник на Владата, Владо Бучковски во разговорот со бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој е јавно објавен, кажува дека носи нон-пејпер како гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и нема да се меша во прашањето за малцинствата.

ОД КОРОНА ПОЧИНА 22 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ

Короната однесе уште еден млад живот. 

Од коронавирусот почина и 22 годишен пациент од Скопје во последните 24 часа. 

Од вирусот починаа и млади луѓе, а вчера најмладиот починат имаше 28 години. 

Во Македонија има над 21.000 активни случаи на коронавирусот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70.883, бројката на оздравени пациенти е 47.364, на починати е 2.051, а бројот на активни случаи изнесува 21.468, објави денеска Министерството за здравство.

24 МАЈ СТАНА ДЕН НА БУГАРСКАТА АЗБУКА

„Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, вака го преименуваа бугарските пратеници празникот 24 мај, кој досега кај нив се славеше како „Ден на бугарското образование и култура и словенска писменост“.

Ова се практично се измени во Законот за работни односи, а прелогот беше на партијата ВМРО-БДН, чиј лидер е вицепремиерот и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Прелогот за преименување имаше поддршка и од коалицискиот партнер ГЕРБ.

Владејачката коалиција „Обединети патриоти“ во пресрет на изборите закажани на пролет ја засилија националната реторика за прибирање политички поени.

МАНДИЌ ВЕЛИ ДЕКА БАШАНОВИЌ ЗА НЕА ИНТЕРВЕНИРАЛ КАЈ ЗАЕВ

Обвинетата Јасна Мандиќ, поранешната заменик-претседателка на организацијата „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски, на денешното рочиште рече дека советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, ургирал кај премиерот таа да не оди во притвор како осомничена во случајот.

Ова го тврдеше откако обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, а за една од пораките рече дека е препратена комуникација од премиерот Заев и од поранешниот негов советник Башановиќ.

БИТИЌИ ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА СОВЕТНИЦИТЕ

Фатмир Битиќи вицепремиерот за економски прашања ги објави сите советници во Иницијативата „За Татковината со љубов“. 

Вели дека е неформално тело, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да се дојде до поквалитетни предлози и политики. 

„Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест. Покрај оваа неформална група, јас секојдневно разговарам со различни претставници од бизнис заедницата, академци, граѓани. И нивните барања и мислења влијаат на предлозите што ние потоа ги даваме и ги усвојуваме како Влада. Секако, Владата работи по свои јасни методологии и процедури и секоја дискусија и консултација која ние како политички претставници ја правиме, на крај се преточува во одредена предлог одлука, политика, стратегија, акциски план и за сето тоа е навремено информирана јавноста, стои во објавата.

Тој вели дека составот е флуиден, односно ќе се менува во зависност од темата. На првиот состанок имало повеќе од 20 економски експерти од различни области. Сега веќе се пријавиле уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во периодот кој следи до пристигнувањето на вакцината во Македонија, здравствените власти очекуваат одговори на низа прашања поврзани со имунизацијата против Ковид-19. Во разговор за Фактор, еден од врвните епидемиолози во земјава и член на Комисијата за заразни болести, д-р. Александар Стојанов, вели дека очекуваат детални напатствија од самите компании за начинот на чување на вакциние, до начинот на аплицирање.

Владата вчера обелоден дека скроила закон за „рамковно“ вработените административци, нагласувајќи дека со него ќе им понуди две шанси за да почнат со работа, а ако не ги прифатат - ќе добијат отказ.

Не само поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски туку и други поранешни функционери и многу професори се дел од иницијативата „За татковината со љубов“.

Кабелските оператори по се изгледа дека ја добија битката во врска со спорниот член од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој им налагше да одговараат под материјална и кривична одговорност за содржините од странските канали што ги реемитуваат.

Владата го раскинува договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, откако претходно беше објавен јавен повик. 

Кирил Миновски поранешниот министер за финансии во Владата на ВМРО-ДПМНЕ за Фактор попладнево изјави дека не е дел од Иницијативата „За татковината со љубов“ на вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Според агрономот Иван Зафировски од Битола, ако во претстојниот период наврнат уште 20 литри дожд  на метар квадратен ќе биде идеално. Вели дека од есенската сеидба само 30 отсто од посеаните житарици се никнати и овие врнежи се повеќе од добредојдени, затоа што имавме долг и сушен период. Практично три месеци во земјава имаше сушен период.

Слично

Поврзани вести