Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бубевски потврди дека доказите се во иста насока со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бубевски потврди дека доказите се во иста насока со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче

БУБЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОКАЗИТЕ ГО ПОТВРДУВААТ ОНА ШТО ГО ТВРДАТ ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

САМО 26 ОТСТО ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ САКААТ МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

Европејците се отворени за пристапување на Украина во ЕУ, покажува истражувањето пред клучниот самит во Брисел кој почнува од утре.

Анкетите, како што објави британски Гардијан, откриваат ладен став кон пристапувањето на Грузија и некои држави од Западен Балкан, како противење на приемот на Турција.

Европејците се генерално отворени за идејата Украина да се приклучи на ЕУ, и покрај трошоците и ризиците, но во најдобар случај се млаки во врска со потенцијалното проширување на блокот што би ја вклучило и Грузија и земјите од Западен Балкан, се наведува во истражувањето.

Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, стои во заклучоците усвоени на денешното заседание на Советот за општи работи на Унијата.

Eвропската Унија(ЕУ) препорача 40 мерки за реформа на Судскиот совет. 

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА

Пензионери од повеќе градови од Македонија денеска пред Собранието во Скопје излегоа на протест поради, како што велат, незадоволство од антикризните мерки.

Пензионерот Орце Давитков, кој е член на Иницијативниот одбор, при Здружение на пензионери „За достоинствен живот“ од Кочани, во изјава за медиуми рече дека нивните барања се, по пет илјади денари линеарно зголемување на сите пензии и 18 илјади денари минимална пензија.

Исто така бараат жените над 62 и мажите над 64 години да не плаќаат ништо во здравството, да бидат ослободени од партиципација, за, како што нагласи, последните денови од животот да ги поминат достоинствено.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонскиот извоз во Германија за 10 месеци годинава надмина 3 милијарди евра. Тоа е голем успех особено затоа што годинава имаше многу скепса и црни сценарија за забавување на германската економија, намалување на увозот и последиците од тоа. Не се случи тоа, напротив.

Mногу луѓе работат работа која не ја сакаат, само за да си обезбедат приходи и да можат да преживеат.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во денешното интервју за „Фактор“ открива дека ЕВН Хоме, како универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и потрошувачите, бара повисока цена за 10 отсто од 1 јануари.

Комерцијална банка сега е нов газда на поранешен ФЕНИ, а сегашен Еуроникел индустри. Банката објави дека го стекнала комбинатот за сума од близу 38 милиони евра.

Господине Димовски, „Аспект“ e една од водечките фирми за развој на софтверски решенија за банки и финансиски институции, и веќе заокруживте триесет години од своето постоење. Гледајќи од денешна перспектива, дали компанијата ги оствари целите и како го гледате тој процес?

Невработеноста во Македонија и понатаму останува сериозен проблем за кој е потребно постудиозен пристап кој ќе придонесе кон негово надминување. 

Тим на Народниот правобранител отишол во посета на затворот „Скопје“ во Шутка, со цел да провери каква е состојбата на лицата кои се во притвор, а се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Слично

Поврзани вести