ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борел и Вархеји порачаа Македонија да направи реформи и уставни измени, Хаг со налог за апсење на Путин
МАКЕДОНИЈА ДА РАБОТИ НА РЕФОРМИ, НО И ДА НАПРАВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Потпретседателот на Европската Комисија Жозеф Борел од Скопје им порача на македонските власти дека ова било најдобрата зделка која може да се направи, повторна шанса нема да има. Борел истакна дека реформите остануваат клучен сегмент на кој Македонија мора да работи.
Еврокомесарот Оливер Вархеји вели дека е потребно национално единство за да се продолжи процесот на интеграција. Брисел е подготвен, но, земјава освен реформите, треба да ги направи и уставните измени.
Премиерот Димитар Ковачевски очекува опозицијата да ја прифати поканата за учество во подготвувањето на уставните измени, бидејќи според него, обврска на партиите е да носат одговорни одлуки.ХАГ ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН
По налогот на Хашкиот трибунал за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека ова е историска одлука.
Вели дека оттука ќе почне и историската одговорност.Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде соопштение по распишаната потерница за рускиот претседател Владимир Путин.
Судот наведува дека Владимир Путин е одговорен за воените злосторства, а своите тврдења ги фокусирал на нелегалната депортација на деца од окупирана Украина во Русија.
Во соопштението се наведува дека злосторствата се извршени во Украина од 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна својата целосна инвазија.Пишуваа статуси, држеа говори, пресконференции, ја критикуваа власта зошто невини луѓе лежат во затвор...
Но, осуммина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера не го стиснаа копчето „за“ поддршка за Законот за амнестија.
Како што пишуваат од порталот Инфомакс, меѓу нив се и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Ели Панова, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
