Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борбата со пожарите трае, се стега обрачот околу Мачево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борбата со пожарите трае, се стега обрачот околу Мачево

ПОЖАРИТЕ СЕ ВО КРИТИЧНА ФАЗА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА 

Пожарникарите и доброволците со крајни напори се обидуваат да го стават под коонтрола пожарот во пехчевско-беровскиот крај.

Како што јави екипата на ТВ 24, пожарот успеал да зафати дел од објектите од селото Мачево, но неговиот налет бил прекинат. Пожарот го гасеа и три хеликоптери кои како наближува ноќта ќе мора да се повлечат.

Ситуацијата во сeлото Мачево ескалира, три хеликоптери се упатени таму, соопшти претходно, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, на својот Фејсбук профил.

Пожарот може да се префрли кон Бугарија, објаснуваат од Центарот за управување со кризи. 

Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски попладнево соопшти дека исклучително тешки сè уште остануваат пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион  и тоа во Нов Иствник, Пасјак, Трботивиште и Разловци. 

ЗАЕВ Е НА ОДМОР, СРБИТЕ ЌЕ ПОМАГААТ ДОДЕКА ТРЕБА

Од Владата информираат дека премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, но дека е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции. Од таму велат дека дел од членовите на Владата во периодот од 3 до 12 август веќе ги користат деновите од годишен одмор.

„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки“, соопшти Владата. 

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно за да им се помогне на граѓаните на Северна Македонија во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград.

„Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на Северна Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија“, кажа Вулин.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово - 26, Струга - 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во изминативе неколку дена евидентно расте бројот на новозаразени во Македонија, а истовремено, иако со поспоро темпо, се зголемува и бројот на пациентите на кои им е потребно болничко лекување.

Термоелектраната ТЕ-ТО АД во ревидираниот финансиски извештај од независен ревизор објави дека го исплатила долгот кон државата за повеќе од милијарда денари, откако претходно долго време се наоѓаше на листата на најголеми должници кон Управата за јавни приходи.

Градежната компанија „Бетон“ во првото полугодие од годината влегла во загуба од дури 3,86 милиони евра. Ова може да се види од билансот на успех на компанијата за првите шест месеци во 2021 година. 

Синцеритас АД Скопје е компанија од светот на производство и трговија со медицински канабис и ќе влезе во нашата корпоративна историја како прва компанија производител на медицински канабис чија акција се тргувала а нашата берза. Цената е едно евро за акција! Дали е багателна ??? Ќе покаже времето

Слично

Поврзани вести