Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Боки 13 ќе предаде повеќе од милион „бомби“ во операцијата „Бумеранг“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Боки 13 ќе предаде повеќе од милион „бомби“ во операцијата „Бумеранг“

БОКИ 13 ЌЕ ДОСТАВИ „БОМБИ“ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Во операцијата „Бумеранг“ на Боки 13, повеќе од еден милион „бомби“ ќе бидат предадени кај обвинителот Ислам Абази.

Боки 13 преку адвокатите соопшти дека овие фајлови ќе бидат предадени на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а кои се однесуваат на сторен криминал од највисоки државни структури и бизнис елити. Во соопштение до јавноста, стои дека со оформувањето на предмет од страна на шефот на Обвинителството, Ислам Абази, започнува кривично-правната операција со кодно име „Бумеранг“.

МЛАДИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ОСТАВИЈА ЛЕЖАЛКА ЗА ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО

Младите од ВМРО-ДПМНЕ му спремија пакетче на директорот на ФЗО. 

Го критикуваат директорот дека заминал на одмор додека системот со податоци беше хакиран, а лекарите не можеа да земат плати. 

„Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок. Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од  кожата на македонските граѓани. Власта на СДС – ДУИ и нивниот кадар не ги интересира животот на граѓаните. Додека тонеме на секое поле од општеството, овие мислат само на луксуз и лични интереси“, вели Валентин  Манасиевски од ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

БИК БРКАЛ СОПРУЖНИЦИ И ГО ОШТЕТИЛ НИВНОТО ВОЗИЛО

Бик бркал сопружници во село близу Делчево, по што тие го пријавиле настанот во полиција, а најавија и тужби. 

„Во понеделник во 15.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ во с.Град, делчевско,  С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштетувања на овоштарникот и на нивното возило. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево, при што се работи на комплетирање на случајот, а против М.С. е поднесена соодветна пријава“, се наведува во пријавата поднесена до делчевската полиција.

Се јави газдата на бикот кој нападна брачен пар и оштети автомобил.


Слично

Поврзани вести