ФАКТОР НА ДЕНОТ: Боки 13 излезе со нови обвинувања, тврди дека му се врши тортура
БОКИ 13 СЕ ЖАЛИ НА ТОРТУРА
Бојан Јовановскки, осуденикот во случајот „Рекет“, со писмо до јавноста тврди дека од Основниот кривичен суд, на барањето да добие прекин на издржувањето на затворската казна поради влошена здравствена состојба, добил негативно решение за кое тврди дека е со фалсификуван потпис од судијата Огенен Ставрев, кој во меѓувреме почина.
- Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев. Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфеџиќ, сето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика, се вели во соопштението кое шоуменот Боки-13 го упатува во јавноста.ГАЗДАТА НА ДОКАЗ УЦЕНУВАЛ И ШИРЕЛ ОМРАЗА
Поднесен е обвинителен предлог против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски.
Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираат оттаму, по спроведена претходна постапка, денеска поднело Обвинителен предлог против едно лице, кое се товари дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ.НОВИНАРИТЕ ПРОТЕСТИРАА
Новинарите и медиумските работници од земјава преку протестен марш денеска го изразија незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањта и небезбедите услови за работа.
Денес членови на Здружение на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници преку протесниот марш од Владата до Собранието го искажаа своето незадоволство.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
