Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бојмацалиев потврди дека стигнале 20.000 обрасци, до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бојмацалиев потврди дека стигнале 20.000 обрасци, до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка

ЌЕ СТИГНАТ УШТЕ ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИ

Стигнати се 20.000 обрасци, до крајот на месецов ќе стигне дополнителна пратка, како и во јуни, никој никого не саботира во МВР, изјави денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски оствари средба со раководството на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Одговарајќи на новинарски прашања за промена на документите, Бојмацалиев рече дека досега се издадени над еден милион и триста илјади пасоши.

Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди отвори истрага и се трага по причината за збунувачкиот диспаритет помеѓу првично нарачаните 400.000 пасоши и доставените 20.000 од средината на февруари.

ЕРИТРЕЈЦИ ПРЕТЕПАА ДО СМРТ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО ГЕРМАНИЈА

Познат е идентитетот на убиениот Македонец во Есен кој завчера по препирка со двајца државјани на африканската држава Еритреја го загуби животот, објави порталот Експрес. 

Според извори во неговото родно село Жировница, општина Маврово Ростуше се работи за Емре Исмаили на возраст од 32 години кој бил на привремена работа во Германија.

Исмаили работел како помошник менаџер во Мекдоналдс.

На инцидентот во кој Исмаили го загубил животот му предходела расправија која завршила со трагедија.

ФЗО МУ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЛЕОНИД

Во неизвесност е лекувањето на младиот Леонид Индов кој пред две недели со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат, откако денеска заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето.

„СРАМОТА! Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Долговите и загубите на компанија која е дел од холдинг, или концерн ќе ги покрива друштвото, во случај кога загубата не се покрива од посебните резерви.

Најголемите фотоцентрали во Македонија како проект во изминатите неколку месеци се продадени од бизнисмените Даниел Лалков од Кавадарци и Саит Вокши од косовско Гнилане.

Веќе и не е вест дека инвеститорската јавност е се повеќе „возбудена“ околу акциите на Комерцијална банка, но вест е кога некој ќе добие акции по цена многу пониска од онаа по која тие редовно се тргуваат на Македонската берза, но и од цените по кои се остваруваат блок трансакции со акциите на таа банка.


Слично

Поврзани вести