ФАКТОР НА ДЕНОТ: Блерим Рамадани избегал на Косово, Србија бара одговори од Македонија
БЛЕРИМ РАМАДАНИ ИЗБЕГА ОД МАКЕДОНИЈА
Во гостување на косовската телевизија Т7 Луан Јахири oд Урошевац (Феризај), потпретседател на организацијата на воени ветерани на УЧК, изјави дека Блерим Рамадани, кој избега од Македонија, а екстрација бараше Србија, моментално е во Косово. Јахири рече дека разговарал со Рамадани и дека ќе се види со него.
Панче Тошковски вели дека Министерството за внатрешни работи нема вина за бегството од куќен притвор на Блерим Рамадани, поранешниот член на ОВК кој беше уапсен по меѓународна потерница на барање на Србија.
СРБИЈА БАРА ОДГОВОРИ ЗА БЕГСТВОТО
Србија бара објаснување од Северна Македонија за бегството на Бљерим Рамадани кој беше уапсен на граница, а потоа пуштен во куќен притвор во Скопје и оттука побегнал.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Белград бара објаснување од државните органи на Северна Македонија за бегството на Рамадани, кој беше уапсен земјата по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија. Дачиќ го опиша бегството на Рамадани од домашен притвор во земјава како „скандалозно“.НОВИ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Нови пожари избувнаа вечерва.
1. РЕСЕН И ОХРИД: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, попладнево дејствуваа ( 1Х –МВР на ресенска страна) (3 ЕТ –ДЗС и Германија на охридска страна) (120 лица вкупно: ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица) (нискостеблеста вегетација и букова шума);
2. КИЧЕВО: с.Цер, планина Лубин (ТППЕ) (мешана шума) – нов пожар
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
По поминати два месеци од избор на новата влада до назначување на Надзорен одбор уште нема предлог за нов генерален директор на на ЕСМ. Кој ќе седне на жешкото столче во компанијата која бившата влада ја остави со долг од над 200 милиони евра? Уште не се знае, но од кулоарите лицитираат со името на Зоран Коњановски, битолчанец со искуство во енергетиката и кадар на најголемата партија во власта
