Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Битолчанецот кој се закануваше на обвинители заврши во притвор, за повисок минималец нема договор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Битолчанецот кој се закануваше на обвинители заврши во притвор, за повисок минималец нема договор

ПРИТВОР ДОБИ ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ЈОВЕСКИ И РУСКОВСКА

Битолчанецот кој се закануваше на обвинители оди во притвор. 

Истражен судија му одреди 30 дена притвор на битолчанецот, кој упатил пишани закани до двајцата обвинители Љубомир Јовески и Вилма Русковска, но и до американски дипломати. Тој е осомничен за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Тој е уапсен вчера, а по разговорот со него и по извршеното графолошко вештачење од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, утврдено е совпаѓање на обезбедениот ракопис од него и ракописот во напишаните заканувачки писма.


Јавниот обвинител Љубомир Јовески на 27 јануари преку писмено соопштение ја извести јавноста дека во текот на претходниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, добил закана по неговиот живот.

НЕМА ДОГОВОР ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вечерва изјави дека дијалогот за покачувањето на минималната плата продолжува во петок. 

Ги уверува граѓаните дека наскоро ќе има консензус за нивните плати. Вели дека целта е да креираат долгорочен систем. 

„Ќе зборуваме за креирање на систем, креирање на механизам кој ќе остане и во наредните години“, рече Битиќи. 

Тој не може прецизно да каже дали во петок или идната недела ќе има конечна одлука. 

Дарко Димовски од ССМ изјави дека работодавачите во 5 до 12 излегле со свој предлог, затоа што тие ги увериле дека мора да се покачи минималецот.  Тој вели дека работодавачите купиле време до петок. 

ДЕНЕС ИМА НАД 1.500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија - 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.

МЕХМЕДОВИЌ ЈА ОБРАЗЛОЖУВАШЕ ВИСОКАТА СМРТНОСТ ОД КОВИД

Д-р Злате Мехмедовиќ, кој од вчера официјално е новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, денеска гостувајќи во емисијата „Утрински Брифинг“ нагласи дека ова советодавно тело на министерот зериозно ќе ги разгледа статистиките водени од претходниот состав на Комисијата, а кои се однесуваат на високата стапка на смртност од корона вирусот во Македонија.

- Точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати. Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, нагласи д-р Мехмедовиќ.

ОБВИНУВАЊА ЗА АЛИ АХМЕТИ

Извори блиски до ДУИ реагираат на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се споменува дека партискиот лидер Али Ахмети во 2018 се фотографирал во својот кабинет, а при тоа до неговото биро имало бројач на пари.

Реакциите кои пристигнаа до „Фактор“ велат дека тоа не е канцеларијата на претседателот на ДУИ, туку дека Ахмети е гостин кај косовскиот бизнисмен Исмет Сулејмани, сопственик на фирмата „Ватан“.

УСТАВЕН ГО ОТФРЛИ БАРАЊЕТО НА КАРАКАМИШЕВА

Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година, во кое таа образложува дека со Договорот од Преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување.

Судијата известител Осман Кадриу, изнесувајќи го барањето на денешната трета седница на Уставниот суд, посочи дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди според нашиот Устав се пружа уставно судска заштита, но дека мошне важно е овие права да се повредени со поединечен акт или дејствие на орган или институција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Долги години, дел од Македонците од Албанија поради работа и образование, а со цел обезбедување на подобри услови за живот, мигрираат во Македонија.

Биолошкиот татко на едно дете, без разлика што тој не е во брак со мајката, да добие поголеми права при утврдување на сопственото татковство, но и при оспорување на татковството на човекот кој во моментот и е брачен другар на мајката. Или попрецизно, вистинскиот татко да не биде спречен да биде запишан како татко на детето, доколку за тоа не дал согласност новиот сопруг на мајката.

Владата во текот на 2022, односно во месец јануари, му префрлила вкупно 21 милиони евра на АД ЕСМ за надминување на енергетската криза со електрична енергија. 

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил.

Слично

Поврзани вести