ФАКТОР НА ДЕНОТ: Билал Касами го нарече Тетово центар на Албанците во Македонија, стигнаа осуди и повици да не ги дискриминира другите етникуми
КАСАМИ ЈА РАЗГНЕВИ ЈАВНОСТА
Првиот човек на град Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, за „Макфакс“ изјави дека во објавата на социјалните мрежи не напишал дека Тетово е „главен град“ туку „центар“ на Албанците во Македонија.
Но, нема негов став за низа прашања, меѓу кои и дали е свесен дека со објавата поттикна меѓуетнички тензии. Тој не кажа ниту дали смета дека истата треба да ја избрише, за да спречи лавина негативни реакции.
„Не се работи за никаков ‘главен град’, туку за ‘центар’ на Албанците во Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да дадат друга насока“, вели Касами за „Макфакс“.
Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од Тетово. Велат дека таткото на градот треба да создава еднакви можности и се надеваат дека е свесен за тежината на кажаните зборови.ВРАБОТЕН ВО ОПШТИНА ШТИП МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
СВР Штип потврди дека вработен во Општина Штип повеќе пати во изминатиот период му се заканувал на градоначалникот Иван Јорданов, а синоќа тој во полициската станица го пријавил Ј. М.
БУГАРСКИОТ КЛУБ ИВАН МИХАЈЛОВ Е ИЗБРИШАН ОД РЕГИСТАРОТ
Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ денеска згаснува, објави Централниот регистар на Македонија.
Причината за престанок е со одлука на Министерството за правда. Централниот регистар постапил по службена должност по донесено решение од министерството.
Причината, се вели, е поради неусогласување на името со измените во Законот за здруженија и фондации. Упатството било испратено до Централен регистар од министерството на 17 март.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
