ФАКТОР НА ДЕНОТ: Безбедносната состојба е стабилна, но Сиљановска-Давкова е загрижена што дел од пожарите се подметнати
БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА Е СТАБИЛНА
Се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.
Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.
„Од Владата изложија низа мерки кои во иднина ќе ги применуваат, ќе се менува Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување”, рече Сиљановска – Давкова.
Потенцираше дека се ангажирани волонтери, приспособени се возила. Таа вели дека на седницата биле презентирани билтени од страна на нејзиниот претставник кои се испраќаат до надлежните институции, но на седницата било дискутурано дека многу ситуации може да се предвидат со помош на вештачката интелегенција.
ДЕСЕТ МЛАДИ ОДАТ НА ОБУКА ЗА ПИЛОТИДесет лица ќе се стекнат со дозвола од областа на летечките операции со обука кофинансирана од државата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Уверенијата на 10-те кандидати за пилоти денеска им ги врачија вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на АЦВ Драги Стојаноски.
МИШКО РАЛЕВ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ТИМОТ НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ
Мишко Ралев, кој до пред неколку дена беше еден од двајцата најсериозни конкуренти да бидат предложени за кандидати за градоначалник на Град Скопје со поддршка од СДСМ, од денес е дел од тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Ова го соопшти самиот градоначалник на Кисела Вода. За Ралев како професор и архитект се шпекулираше дека самиот го известил СДСМ дека не сака да биде кандидат за градоначалник поради голема веројатност да биде поразен. СДСМ потоа објави дека на локалните избори ќе оди со Каја Шукова како кандидат.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова
