Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бегството на Рамадани е топ тема, се бара одговорност за случајот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бегството на Рамадани е топ тема, се бара одговорност за случајот

РЕАКЦИИ ЗА БЕГСТВОТО НА РАМАДАНИ

Министерот за правда Игор Филков во изјава за ТВ Канал 5 за случајот со Блерим Рамадани рече дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса. Го повикa Судскиот совет  да одржи вонредна седница на која би се разгледало ова прашање со цел  во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации.

Србија бара објаснување од Македонија за бегството на Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК. 

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, побара објаснување од македонските власти за бегството на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, од домашен притвор во Скопје. Вели дека неговото бегство е скандалозно, затоа што, како што нагласи, станува збор за лице што извршило злосторства врз Србите во Косово.

Србија дава неточни информации за Блерим Рамадани, изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. 

Премиерот Христијан Мицкоски побара од Судскиот совет да поведе постапка против судијата Пајазит Пајазити, кој му одобри куќен екстрадиционен притвор на Блерим Рамадани, пред тој потоа да побегне.

ДАНЕЛА ГО ПОВИКА МИЦКОСКИ НА РАЗГОВОРИ

Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата на Р.Македонија, објави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

-За таа цел, го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.

КРИВИЧНА ЗА БОЈМАЦАЛИЕВ

МВР му поднесе кривична пријава на Митко Бојмацалиев, поранешниот шеф на кабинетот на Оливер Спасовски и дополнителен заменик министер за внатрешни работи,поради,,повреда на правата од работен однос“. Лани, според соопштението на министерството, тој го попречувал вработувањето на една од најдобрите студентки за безбедност, па поради тоа МВР бара привремено отстранување од неговото работно место. 

Кривична пријава е поднесена и против началничката на секторот за човечки ресурси во Скопје.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пожарите кои ја зафатија Македонија, а постојано се појавуваат и нови жаришта ќе нанесат многу големи штети на растителниот и животинскиот свет, но и ќе го нарушат квалитетот на животот на луѓето.

Државниот Фонд за осигурување на депозити е нов сопственик на управната зграда на Еуростандард банка, поранешната банка на Трифун Костовски во стечај. Фондот, кој од неодамна доби нов в.д. директор, Бехар Емини, иако нема никаков вложен депозит во Еуростандард, доби недвижен имот во центарот на Скопје во вредност од 520 милиони денари, односно 8,5 милиони евра.

РИК Силекс Кратово знае како се прави добар профит. И тоа со намалени приходи. Тајната е сепак, во повеќе намалените трошења, кои и донесоа на компанијата и тоа како солидна добивка за шест месеци.

Вложувањата во акции на „Комерцијална банка“ на „Макпетрол“ во мај му донесоа речиси милион евра дивиденда, а од неговите акции во транспортната компанија ОИЛКО во билансот за третиот квартал ќе легне дивиденда од уште околу 700.000 евра. А тие финансиските приходи значајно ќе ја зголемат добивката на нашиот гигант за малопродажба на нафтени деривати и стоки за широка потрошувачка. Евала „Макпетрол“ за една година 1,6 милиони евра од дивиденди!

Државните задолжувања не запираат. Кредитори и овој пат се домашните банки и фондови, кои и позајмуваат средства на државната каса кога таа има тековна потреба од ликвидност.

Слично

Поврзани вести