Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Автобус со патници вратени од Грција оди во карантин, денес има 17 заразени со коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Автобус со патници вратени од Грција оди во карантин, денес има 17 заразени со коронавирусот

АВТОБУС СО ПАТНИЦИ ВРАТЕН ОД ГРЦИЈА ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Цел автобус со патници кои летувале во Грција оди во изолација. 

Автобус со патници кои на 20 јули се вратиле од летување во соседна Грција е ставен во изолација поради еден сомнителен случај на коронавирус, пишува СДК.мк. 

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова за порталот истакнува дека досега на четири патници им е издадено решение за изолација.

МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР ПОЧИНА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА

Д-р Александар Стојановски, поранешниот директор на Клиничката болница-Штип починал во Грција за време на својот годишен одмор. Според неофиоцијални информации кои кружат во градот, тој доживеал масивен срцев удар на плажа.

Штипјани, вознемирени од веста за младиот доктор, кој имаше само 45 години, велат дека д-р Стојановски живеел навистина здрав живот, со редовни спортски активности, но како што потенцираат, најверојатно срцевиот удар го добил поради претходниот стресен период.

Со неверување и огромна тага ја примив веста дека нашиот драг пријател и колега, д-р Aлександар Стојановски, веќе не е меѓу нас. Не напушти голем човек, доктор, татко и пријател на сите штипјани, пишува градоначалникот на Штип доктор Сашко Никoлов.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 17 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од:  Куманово и Тетово – по 3 и Скопје - 1.

Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови.

ПОЛИЦИЈАТА ГО НАЈДЕ МОМЧЕТО КОЕ ТЕПАШЕ ДЕВОЈКА ВО КУМАНОВО

Момчето кое тепаше девојка во Куманово среде бел ден е повикано во полиција. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот со напад врз девојка во Куманово, инцидент за кој имаше објавено видео на социјалните мрежи. 

СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.  За настанот е известен јавен обвинител и извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички нападнал девојка. Ќе биде извршен разговор и со други лица, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера се појави видео во кое се гледа како момчето кај Центарот за култура удира девојка со клоца, а по неколку минути, друго лице го тепа него, по што тој бара помош. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Обвинителството по приемот на пријавата и доказите од МВР отворило постапка за пријавата од Централен регистар против „Таргет груп“ и превземени биле дејствија во фаза на предистрага. 

Граѓаните и фирмите во јуни годинава кон банките должат дури шест милијарди евра, што на годишно ниво е раст од пет проценти. Задолжувањето расте од месец во месец, а само физичките лица должат поовеќе од половина од оваа сума или до крајот на првото полугодие годинава граѓаните имаат долг кон банките за кредити во вкупна вредност од 3,15 милијарди евра. 

По објавите на повеќе медиуми дека Сашо Мацановски Трендо најверојатно влегува во трка за градоначалник на скопската општина Центар како кандат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој за Фактор вели дека тоа не е точно.

Слично

Поврзани вести