ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aртан Груби доби куќен притвор откако утрово се појави на Блаце
ГРУБИ ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот А.Г., кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор со дополнителни мерки за обезбедување присуство против осомничениот.Имено, откако утрово КПУ затвор „Скопје“- Скопје, го извести судот дека осомничениот А.Г. од 09:20 часот е спроведен во установата каде што започнал со издржување на мерката притвор, определена со решение од 17 декември 2024 година, а стапува на сила од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, судот за истото го извести Основното јавно обвинителство и по нивно барање издаде наредба за спровод на осомничениот пред Јавен обвинител за негово сослушување. Воедно во текот на денот, одбраната на осомничениот, до судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по истиот.
СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД УБИЕЦОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ КАКО СЕ ШЕТА НОЌЕ ОКОЛУ КУЌА
Телевизијата Телма објави видеоснимка од безбедносна камера на која, според телевизијата, се гледа 25-годишниот Т.Б. од општина Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на 78-годишна жена од кумановското село Челопек, додека институциите паралелно проверуваат дали истиот осомничен може да биде поврзан и со други слични случаи во регионот. Објавата доаѓа во момент кога локалната јавност веќе денови живее со страв и сомнежи дека зад повеќе смртни случаи на жени, пронајдени во сопствените домови, може да стои ист сторител.
Во видеото, се гледа крупен маж со подолга јакна и качулка, кој се приближува до куќа и се обидува да ја отвори влезната врата, но не успева затоа што е заклучена.ВО УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ И ВО ТЕТОВО ИМАЛО ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска имало дојави за поставени експлозивни направи.
Од МВР не ги именуваа училиштата но утврдено е дека се работи за лажни дојави.
- Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од министерството.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото принтскрин
