ФАКТОР НА ДЕНОТ: Арсовска промовирана како претседател на Нова Алтернaтива, вели ја напаѓаат од страв
АРСОВСКА ПРОМОВИРАНА КАКО ЛИДЕР НА НОВА АЛТЕРНАТИВА
Јас сум најнапаѓаната личност во Македонија, нападите се инспирирани од многу страв, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска која застана на чело на партијата Нова алтернатива.
„Имаме луѓе на кои што граѓаните можат да им веруваат“, рече Арсовска.
За Договорот од Преспа вели дека ја оштетил Македонија. За внесувањето на Бугарите во Уставот е сериозно и тешко прашање.ВЛАСТА РАЗМИСЛУВА КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ОНИЕ КОИ НЕМА ДА ИЗВАДАТ ПАСОШИ НАВРЕМЕ
Речиси е невозможна мисија пасошите да важат по 12 февруари, бидејќи станува збор за обврски на меѓународниот договор кои стапуваат на сила, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според информациите кои тој ги има, грчката страна има разбирање за техничките аспекти, но не треба да се заборават обврските.
ПРЕДИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЛАЖНИ ФАКТУРИ ЗА НАФТЕНИ КОМПАНИИ
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за случајот со 3 нафтени компании кои со фиктивни фактури се обиделе да украдат пари од државата преку враќање на ДДВ. Предметот е во предистрага и е поврзан со сомнежите што ги објави Управата за јавни приходи.
„По однос на случајот пријавен од Управата за јавни приходи, предметот е разгледан од надлежен обвинител. Отворивме предистражна постапка и сме во фаза на прибирање факти и материјални докази за трите комерцијални нафтени компании и импликациите со другите страни во овој случај“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Данела Арсовска
