ФАКТОР НА ДЕНОТ: Арбен Фетаи поднесе оставка од функцијата вицепремиер
АРБЕН ФЕТАИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Вицепремиерот Арбен Фетаи поднел оставка до премиерот Христијан Мицкоски. Ова го објави на социјалните мрежи.
„Денеска на премиерот му ја предадов мојата оставка од должноста на вицепремиер одговорен за добро владеење. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да служам на земјата, придонесувајќи за реформите насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да. Заминувам со крената глава и чиста совест. Ова е добро смислена одлука, донесена со убедување дека во сегашните околности ова е најправедно и најдостоинствено нешто. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа со мене за време на ова патување. Посебна благодарност до мојот тим, меѓународните партнери, граѓанското општество и граѓаните кои ми дадоа сила и мотивација на секој чекор. Службата кон јавниот интерес не завршува кога завршува функцијата. Наместо тоа, тој продолжува каде што се потребни интегритет, храброст“, пишува тој.
За него имаше обвинувања дека не доаѓа на работа, а прима плата.
КОИ МЛЕКАРНИЦИ ПРОДАВАЛЕ ПРОИЗВОДИ СО ПАЛМИНО МАСЛО
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите.
КРАТОВЧАНКАТА КОЈА ГИ УБИ СОПРУГОТ И СВЕКОРОТ ДОБИ 7.5 ГОДИНИ ЗАТВОРСедум и пол години затвор доби Вангелица Илијевска од Кратово за убиството на сопругот и свекорот. Судскиот совет од Основен суд Куманово денеска изрече пресуда, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ во „убиство на миг“. Жената пред скоро две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан.
Јавниот обвинител Газменд Мехмеди рече дека по изготвеното „психијатриско вештачење во однос на психичката состојба на обвинетата, таа дејствувала во состојба на силна и интензивна, нагласена раздразливост без своја вина на која ѝ претходел напад на сега починатиот сопруг, и поради стравот за нејзиниот интегритет и сопствената безбедност, како и силен интензивен афект кои доминирале врз нејзиниот психички апарат, обвинетата била доведена во состојба на експресија и манифестирање на импулсивно агресивно празнење“.
Обвинетата Вангелица Илијевска го призна делото, кажувајќи дека дејствувала во афект, дека жали за сторените кривични дела.ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ ДОБИ УСЛОВНА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Обезбедувањето на премиерот доби условнa за семејното насилство врз сопругата.
Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби условна казна од три години, за делото со претепување на сопругата.
„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело“, велат од Кривичен суд.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
