ФАКТОР НА ДЕНОТ: Апсења на Клиниката за Онкологија, приведен е и екс директорот Нино Васев
АПСЕЊА НА ОНКОЛОГИЈА
Јавното обвинителство потврди дека за случајот „Онкологија“ што ја разбранува македонската јавнст лани летото, од утринава се направени претреси на три локации и задржани се четири лица. Меѓу нив е и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев.
Од Обвинителството информираат дека акцијата за „Онкологија“ се уште трае.
„До овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица поради сомненија дека сториле кривични дела. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствија. Сите задржани лица се во врска со истиот предмет. Штом се создадат услови, јавноста ќе биде веднаш информирана, велат од Јавното Обвинителство.СПАСЕНО Е ПОВРЕДЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО
Доцна попладнево, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за повредено лице - со скршена нога на патека на Водно, започната е спасителна акција. Во неа учествувале двајца припадници на МВР и медицинскиот тим од скопската Итна медицинска помош.
- Спасителите многу пожтвувано, заради планската оддалечена од пат локација на повредениот, пешки стигнале до местото на настанот со голема внимателност по замрзнатата патека, што се повеќе замрзнувала како што одминувал денот и се намалувале температурите.
На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, болница. Притоа тие и го загреале, бидејќи било се постудено - објаснуваат од ЦУК.СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ БИТОЛА-ДЕМИР ХИСАР
Тешка сообраќајна незгода се случила попладнево на патот Битола - Демир Хисар, при што едно лице загинало.
Во сообраќајката се повредени дваесеттина лица.
Според првичните информации станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.Демолирани се канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, искршена е и украдена опрема, информираа од Инспекторатот за МИА.
Инцидентот се случил во саботата, а случајот во МВР го пријавил директорот на Инспекторатот Ферди Ашани.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Оваа вест ќе ја зголеми несигурноста на финансиските пазари особено на Далекиот исток, но и глобално.