Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Апелација ги зголеми казните на дел од обвинетите за aвтобуската несреќа кај Ласкарци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Апелација ги зголеми казните на дел од обвинетите за aвтобуската несреќа кај Ласкарци

АПЕЛАЦИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ КАЗНИТЕ НА ДЕЛ ОД ОБВИНЕТИТЕ ЗА ЛАСКАРЦИ

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје. 

На начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски. 

Казните на третиот вработен во станицата за технички преглед Јане Боваровски и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски остануваат исти, пет и 14 годни казна затвор. 

РЕВИЗОРИТЕ УТВРДИЈА ДЕКА СОВРЕМЕНА ОПРЕМА НЕ СЕ КОРИСТИ ОТИ НЕМА СТРУЧЕН КАДАР

Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, утврдија ревизорите во последниот извештај.

Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните  на ниво на целата држава. 

ВО ВАТИКАН Е ИЗБРАН НОВ ПАПА

На верниците им се обрати новиот Папа, Роберт Франциск Превост, кој го избрал името Лав XIV.

Тој е избран во четвртиот круг од конклавата.

„Драги браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос, добриот пастир кој го даде својот живот за Бога, и би сакал овој поздрав на мирот да влезе во нашите срца и во срцата на сите луѓе низ целиот свет“, рече тој.

Потоа им се заблагодари на кардиналите кои го избраа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Цела деценија незавршени бетонски конструкции, оставени на милост и немилост на времето, со години нагрдуваат дел од универзитетскиот кампус во центарот на Скопје. 

На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија. 

Пелистер е највисокиот од сртовите на Баба планина и околните планини со кои е омеѓена родната Пелагонија, најголемата македонска житница. Под Пелистер е Битола и рангирањето за 2024 година покажа дека останува да биде економски центар на Пелагонија.

Меј Енерџи, ОСМ Солар и Фортис Енергетика се сопствениците на единствените големи фотоцентрали со моќност од над 50 мегавати кои активно работеа во текот на минатата година со производство на електрична енергија од обновливи извори. Сите три се во сопственост на странци - Меј Енерџи и Фортис Енергетика се на турски, а ОСМ Солар е на бугарски инвеститори.

Слично

Поврзани вести