Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска ќе бара одговорност за Демири, велат незаконски ги разрешил Шокаровски и Петровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска ќе бара одговорност за Демири, велат незаконски ги разрешил Шокаровски и Петровски

АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ДЕМИРИ

Државната комисија за спречување корупција ќе покрене иницијатива за утврдување одговорност во постапките на министерот за здравство, Илир Демири по неговата одлука да ги разреши директорите на Токсикологија и на Кардиохирургија. 

Имено, од антикорупциска комисија соопштија дека ги прифатиле пријавите дека се неосновани разрешувањата на медицинскиот директор на Токсикологија и на директорот на државната Кардиохирургија од страна на министерот за здравство Илир Демири, констатирајќи дека со двете одлуки на министерот се прекршени Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и Законот за здравствена заштита. 

ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ПОСТАРИТЕ ОД 60 ГОДИНИ

По 25. седница, Владата излезе со препораки до граѓаните и работодавачите поради најави за топлотен бран од утре.

Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Центарот за управување со кризи информира дека е накосен потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар, а утрото стигнала пријава дека дел е срушен.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека з аова предупредувал една година, но дека не наишол на слух од институциите.

ДЕСНИЦАТА ЗАЈАКНА НА ЕУ ИЗБОРИТЕ

По бурната и брза одлука на францускиот претседател Емануел Макрон, да го распушти Собранието и да распише предвремени избори се огласи и лидерката на опозицијата. 

Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на Емануел Макрон да распише предвремени избори.

Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и најави предвремени избори по поразот кој го доживеа на вчерашните избори за европски пратеници.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Григор Копров своите 20.708 акции во „Македонијатурист“ ги продаде во април топтан за нешто повеќе од 1,7 милиони евра. 

Големиот број на високоплатени тендери му донесе на „Марковски Компани“ прво место во „натпреварувањето“ за најуспешна компанија по остварена добивка во Битола во 2023.

На РЖ услуги, скопска компанија, по се изгледа дека не им оди добро во последниов период. 

Месечниот берзански билтен секогаш е извор на интересни информации за домашниот бизнис. Кој е најбаран, кој е најтргуван, но и кој е највреден на домашната деловна сцена.

Се бараат берачи за овошје и зеленчук низ цела Македонија, а среќни се оние земјоделци кои си обезбедиле работници. Таквите се ретки, а повеќето мака мачат да најдат берачи.

Слично

Поврзани вести