Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ангелов ќе раководи со ДЗС, вели ер тракторите се на сервис, недостигаат пилоти и опрема

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ангелов ќе раководи со ДЗС, вели ер тракторите се на сервис, недостигаат пилоти и опрема

АНГЕЛОВ ВЕЛИ ДЕКА ЕР ТРАКТОРИТЕ СЕ НА СЕРВИС

Во моментов Македонија нема функционален ер трактор. Ова го соопшти Стојанче Ангелов, кој досега управуваше со Центарот за управување со кризи(ЦУК), а сега ќе раководи со Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС). 

„Ниеден од авионите за гаснење пожар не е во функција. Моментално се на сервис, но ќе бидат подготвени за гасење пожари како и обезбедување на пилоти кои ќе ги управуваат“, рече Ангелов. 

Тој објасни дека во Владата е формирана група која работи на спојување на ДЗС и на ЦУК, нешто што се најавуваше дека треба да се случи до октомври минатата година. 

ПОЧНА СОСЛУШУВАЊЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ ОД КОЧАНИ

Основното јавно обвинителство информира дека од денес започнува сослушувањето на родителите на 62-та жртва во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

- Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека "Пулс" започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата "Support Kocani", информира ОЈО.

OБВИНИТЕЛНИ АКТИ ЗА ГРУПАТА НА ШТЕКЛИ И ЗА „БЕЛАНОЦА-БАРОН“

Oд Обвинителството попладнево соопштија дека е поднесен обвинителен акт против 10 лица за продажба на кокаин и марихуана. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Oбвинителството поднесе обвинителен акт против организирана криминална група за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност. 

По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. 

ВО СКОПЈЕ СЕ ДОСТАПНИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на проектот Avant2Go  - модерен систем за целосно електрично споделено возење.

Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата,  Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата објави нов оглас со кој бара кандидати за директорска позиција во рамки на јавните институции. Станува збор за именување на директор на Државниот управен инспекторат, а огласoт поставен на веб страната на Владата.

Во екот на туристичката сезона, во Охрид и Струга може добро да се заработи од бакшиш. Сопствениците на угостителските објекти,  велат дека добар келнер, во текот на месецот може да заработи уште една плата по основ на бакшиш. 

Австрискиот Заубермахер, кој управува со комуналниот отпад од градот Тетово, неодамна ја одбележа првата годишнина од работењето, а во првата година од собирање смет наплати повеќе од 2,6 милиони евра.

На новите газди на „Македонијатурист“, сепак, не им се допаѓа како компанијата ја водело претходното раководство, односно како работеле претходниот Управен и Надзорен одбор на компанијата.

Газдата на агрегаторот „Тајм.мк“ за три години профитирал 728.500 евра. Парите ги прави со фирма што има само тројца вработени, а дејноста е да реобјавува вести кои ги креираат новинари и ги објавуваат информативните портали во земјава кои ги плаќаат новинарите. 

Слично

Поврзани вести