Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Американската амбасадорка реагира за работата на судовите, испратила допис до премиерот и министрите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Американската амбасадорка реагира за работата на судовите, испратила допис до премиерот и министрите

АНЏЕЛА АГЕЛЕР РЕАГИРА ЗА РАБОТАТА НА СУДОВИТЕ

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое ја изнесува својата загриженост поради поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка.

Таа во писмото ги потсетува институциите дека САД вложиле половина милијарда евра за реформи во судството. Од Министерството за правда потврдиле за Канал 5 дека таков допис е стигнат и истиот ќе биде разгледан. Според информациите на Алсат, дописот со иста содржина, освен до Владата (премиерот), бил испратен и до министрите Кренар Љога и Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд и до некои други Основни судови.

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА СЕ ОГЛАСИ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, денеска пред медиумите уште еднаш ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители, каде што како што рече таа, владеат клиентелистички односи.

- Јасно е дека Советот на јавни обвинители  е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката.

БУГАРИТЕ САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ГРУПАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Здруженија на Бугарите во Македонија бараат вклучување во групата за уставни измени, јавува бугарската новинска агенција „БТА“.

Во писмо упатено до премиерот Димитар Ковачевски, тие го поздравуваат создавањето на работната група, која ја оценуваат како чекор напред кон решавање на прашањето за вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот, со што, се гарантираат правата и слободите на претставниците на Бугарите во земјава. 

Потписниците на писмото бараат од Ковачевски да предложи во работната група да се вклучат и претставници на Бугарите во Македонија. Велат дека сакаат да го дадат својот конструктивен придонес во работата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Довербата во вакцините значително опадна, предупредува извештајот на УНИЦЕФ, непосредно објавен пред Неделата на имунизација. Во листата препораки конкретно за Македонија УНИЦЕФ наведува дека мора да се продолжи со идентификување на сите невакцинирани деца и секако тие да се вакцинираат, а особено оние дечиња кои пропуштија вакцинации за време на пандемијата на Ковид-19. 

Бесплатниот јавен превоз на територија на Општина Куманово ќе важи до крајот на септември годинава, а граѓаните, посебно оние кои живеат во руралните средини и секој ден патуваат на работа, се задоволни и велат дека успеваат да заштедат. Со парите кои претходно ги трошеле за превоз, сега можат да покријат други трошоци во домаќинството.

Голем пресврт кај државната фирма која последен пат беше актуелна пред неколку години во политичката пародија „Го гушкаме ГТЦ“ ! Последниот финансиски резултат за првиот квартал ветува дека ГТЦ може да го врати стариот сјај и беспрекорната репутација од минатиот век.

Операторот на електропреносниот систем МЕПСО во годишниот извештај за работата во 2022 ги објави сумите од фактурите кои ги испорачал до снабдувачите со електричната енергија кои лани направија отстапувања додека траеше енергетската криза. 

Слично

Поврзани вести