Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aмбасадата на САД со став - ’Бехтел’ не е ентитет на американската влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aмбасадата на САД со став - ’Бехтел’ не е ентитет на американската влада

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА СЕ ДИСТАНЦИРА ЗА ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА

Амбасадата на САД тврди дека нема нејзина вмешаност во постигнувањето на договорот помеѓу Владата и турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д. Во одговор до телевизијата „Алфа“, од амбасадата велат дека „Бехтел“ не е ентитет на американската влада и дека тие не се дел ниту од преговорите, ниту имаат некаква улога во условите од договорот.

„’Бехтел’ не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата. Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни“, велат од амбасадата за „Алфа“.

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА ВО ИДРИЗОВО

Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа.

Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот.

Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА ОДГОВОРНОСТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ УБИ МИГРАНТКА

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор против лица осомничени дека во текот на вчерашниот ден сториле кривично дело Криумчарење на мигранти  од член 418 – б став 2 во врска со член 22 од КЗ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Договорите за закуп на земјоделско земјиште со долгогодишни насади ќе се продолжат од досегашните пет години до 15 години. Тоа на закупците ќе им овозможи да аплицираат за ИПА средства за кои е услов закупот на земјиштето да биде долгорочен

Иако се очекуваше, изгледа дека нема да оди така лесно ставањето крај на мачниот стечај на Еуростандард банка.

Министерството за труд и социјална политика ќе предложи нов Закон за регистар на задолжително социјално осигурување, каде што на едно место ќе се води евиденција за сите придонеси - придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за здравствено осигурување и придонесот за осигурување во случај на невработеност.

Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје добива нов член. Имено, м-р Димитри Трповски, по претходна согласност на Гувернерката на НБРМ, станува член на Управниот одбор на Банката и ќе биде надлежен за работењето на Секторот за комерцијално банкарство.

Од идната учебна 2023/2024 година се очекува спроведување на нов концепт во наставната програма за учениците во шесто одделение кои во еден предмет-природни науки ќе изучуваат повеќе предмети. Тоа се биологија, хемија, физика и географија. Новиот концепт, откако беше објавен од страна на Бирото за развој на образованието наиде на силна осуда од страна на јавноста, но реагираа и наставници, кои ценат дека ваквиот начин на настава може да им ги загрози работните места.

Многу анализи покажуваат дека Македонија е лидер во регионот и пошироко во Европа по бројот на пушачи.  Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ објавено неодамна, во земјава 48,4 отсто од луѓето пушат, додека во европските земји стапката е далеку пониска или просекот во Европската Унија(ЕУ) е 29 проценти.

Слично

Поврзани вести