ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алиу не поднесе оставка, повика Собранието да ги одблокира реформските закони
AЛИУ НЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА
Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска на прес-конференција проговори за денешните најави околу најавена оставка.
„Денеска во јавноста провејуваше шпекулација дека јас ќе се откажам од овој предизвик, тоа веројатно доаѓа од луѓе кои не ме знаат доволно добро или можеби од луѓе кои тоа го сакаат“, кажа Алиу.
Нема оставка од Алиу, туку повик до пратениците да ги изгласаат законите кои се однесуваат на реформа на јавната администрација.ГРУБИ ВЕЛИ ДЕКА ПУТИН САКА КОНФЛИКТ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ
Вицепремиерот Артан Груби на денешната панел дискусијата „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“, рече дека рускиот претседател Владимир Путин сакал да ја дестабилизира Македонија со меѓуетнички конфликти.
„Замислете, имаше изјави од министерот за надворешни работи Лавров и неговата портпаролка Захарова и од претседателот Путин, кој ги познаваше сите села во Македонија и ги спомна во неговите интервјуа во меѓународните медиуми и рече дека Македонија е линијата на огнот за Русија во врска со НАТО проширувањето. Ова е изјава цитирана од г-дин Лавров, а потоа тоа господин Путин го охрабри во своите медиуми, спомнувајќи го и Грушино од Куманово во своите интервјуа, дека ги познава сите села во Македонија, за да поттикне меѓуетнички тензии меѓу Албанците и Македонците“, рече Груби.
Според него, истиот центар бил и против промените на Уставот и против зачленувањето во НАТО, прашувајќи сакате ли уште? – по што ја наброја воената агресија на Украина.ЕВАКУИРАНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ГАЗА
И последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, во текот на изминативе 24 часа веќе се евакуирани оттаму. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, информираат денеска од Министерстото за надворешни работи.
Со ова, велат од МНР, се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
