Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ИМА ПРЕПОРАКИ ЗА СТРУМИЦА ПОРАДИ ВИСОКОТО АЕРОЗАГАДУВАЊЕ

Сараево е 2 најзагаден град во светот на листата на air visual попладнево, Приштина е на 10-то место, а веднаш зад него, на 11-та позиција е Скопје. 

Надлежните преземаат мерки поради екстремно високото загадување на воздухот во Струмица. 

Загадувањето на воздухот во Струмица последните двата дена е повисоко од дозволеното за повеќе од 150 милиграми на квадратен метар. Ова го соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање кое се повикува на податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

„АНИМА МУНДИ“ СО ОБВИНУВАЊА ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОРОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“

„Анима Мунди“ денес претпладне излезе со реакција дека Сашо Дранго, заменик-директорот на јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта, познато како „Македонија пат“,  застрелал мечка од забава.

Здружението за заштита на животни објави фотографии од вториот човек по хиерархија во јавното претпријатие и наедно претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар. Според „Анима Мунди“, Драго ја застрелал мечката без причина минатиот месец.

УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ ТЕТОВО

Семејна трагедија го потресе Тетово. Според информациите на ТВ21, татко со ловечка пушка си го убил синот.

На местото на настанот пристигнала полицијата која го пронашла оружјето со кое е извршено убиството.

„Денеска десетина минути пред 19 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н. (39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бесознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка“, соопшти полицијата. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Неколкуте жители на селото Галичник, завеани со снег и отсечени ја дочекаа новата 2025 година. Патот до селото не е целосно исчистен, и надлежните уште работат со механизацијата за тој да биде прооден.  Еден месец селото е отсечено поради снегот.

Слично

Поврзани вести