ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација
АКО НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА
Ако не се случат уставните измени ќе имаме изолација како таа од 2006 до 2016 та- година, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот Ковачевски по одржувањето на Самитот во Молдавија изјави дека една од темите била и проширувањето на Европската Унија(ЕУ), каде била искажана јасната подготвеност на ЕУ за отворена врата за нови земји членки.
КАРАКАЧАНОВ ВЕЛИ ДЕКА ОСМАНИ ЈА КЛЕВЕТЕЛ БУГАРИЈА ВО БРИСЕЛМакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, во Брисел посетуваше различни институции и лобираше за неговата држава. Контроверзниот бугарски политичар и поранешен функционер, Красимир Каракачанов, со остра критика кон бугарските власти и „восхитување“ за лобирањата од страна на македонската Влада.
МАКЕДОНЦИТЕ ЗАМИНАА НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА
Празничниот споен викенд, веќе предизвика хаос на граничниот премин Богородица.
Уште сега се гледа колона од возила која чека да влезе во соседна Грција.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во мај месец се случија два масакри во Србија, при што веста за овие трагични настани ја пренесоа не само медиумите во регионот, туку и пошироко.Домашниот телекомуникациски гигант, „Македонски телеком“, преку Берзата објави дека добивката што компанијата ја остварила во минатата година, ќе биде распределена за бруто дивиденда.
