Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ако нема уставни измени, Бугарија ќе стави вето, а Макрон е за реформи на ЕУ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ако нема уставни измени, Бугарија ќе стави вето, а Макрон е за реформи на ЕУ

АКО НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, БУГАРСКОТО ВЕТО ЌЕ ОСТАНЕ

Ако нема уставни измени во Македонија, бугарското вето останува.

„Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Северна Македонија, а очекуваме да си ги исполни обврките кон Европската унија“, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“. 

Вели дека сега разговорите се меѓу ЕУ и Македонија. 

„Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа што се  очекува е да си ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција“, истакна Денков.

МАКРОН Е ЗА РЕФОРМИ НА ЕУ

Францускиот претседател Eмануел Макрон сугерира дека блокот треба да биде храбар за да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се Молдавија и Украина, пренесува Политико. 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска рече дека ЕУ „можеби“ треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.

Макрон рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и мора да изгради консензус со повеќе од 30 земји-членки.

НЕВРЕМЕ ВО ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ

Центарот на Трст денеска беше поплавен, јавува „24сата“.

Поради големо лизгање на земјиштето, железничката врска Италија-Франција е затворена.

Невреме ја зафати Словенија, а гром удрил во човек на пристаништето во Копер.

Невреме ги зафати Австрија и Швајцарија. Обилниот дожд и зголемувањето на нивото на реките предизвикаа  проблеми во Тирол.

Слично

Поврзани вести