ФАКТОР НА ДЕНОТ: АХВ открила разлики меѓу декларациите и реалниот состав на месните производи
АХВ ОТКРИ НЕПРАВИЛНОСТИ И КАЈ МЕСНИТЕ ПРОИЗВОДИ
По контролите во млечната индустрија, инспекциите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се прошириле и во месната индустрија. Првичните резултати укажуваат на отстапувања во квалитетот и декларирањето кај дел од производите. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, за „Слободен печат“ изјави дека лабораториските испитувања откриле разлики меѓу декларираниот и реалниот состав кај повеќе примероци, а по завршување на постапките јавноста ќе биде целосно информирана.
Во рамки на контролите биле земени вкупно 46 примероци од месни производи и преработки. Анализите покажале отстапувања во процентот на вода, протеини и масти, како и неправилности во задолжителните информации на декларациите согласно законската регулатива. Отстапувањата се однесуваат на Правилникот за квалитет на мелено месо, подготовки од месо и месни производи, а се очекува финализирање на постапките и објавување на резултатите.БУГАРСКОТО МНР ПРОВЕРУВА ДАЛИ ОД КАЈ НИВ ПРОТЕКЛА ДИПЛОМАТСКАТА НОТА
Бугарското МНР проверува дали од кај нив протекла дипломатската нота за патувањето во Пампорово на семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Бугарското Министерство за надворешни работи ги проверува сите факти околу документот, презентиран како дипломатска нота на амбасадата на Македонија во Бугарија, со која се бара обезбедување транспортен коридор до Пампорово за сопругата и синот на премиерот на Христијан Мицкоски, и „доколку е можно, полициска придружба за целиот престој на гостите“.РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА
Расте бројот на жртви во Венецуела по двата потреси од 7.2 и 7.5 степени кои се случија завчера.
„Смртниот биланс од двата последователни земјотреси што завчера ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 920 загинати лица, додека 3 360 се повредени“, соопшти претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез, пренесуваат светските медиумите.
Родригез соопшти дека се оштетени 383 згради, меѓу кои и 13 болници и 25 трговски центри. Дополнително, вели тој, оштетувања претрпеле уште најмалку 1.000 други инфрастуктурни објекти, пренесе Би-би-си.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
