Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети се закани со протести, од ВРЕДИ велат дека ниту улицата нема да го спаси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети се закани со протести, од ВРЕДИ велат дека ниту улицата нема да го спаси

АХМЕТИ СЕ ЗАКАНИ СО ПРОТЕСТИ, ВРЕДИ МУ ОДГОВОРИ

Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ во Кочани,  ДУИ  излегува на  улица, вели за ТВ 24 лидерот на партијата Али Ахмети.

Евентуалното обвинение за Бектеши за кој лидерот на ДУИ вели дека е политички прогон, не само што според Ахмети ќе ги извади интегративците на улица, тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани, но и како што вели Ахмети нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.

Овој пат ниту улицата нема да го спаси Али Ахмети, велат од ВЛЕН. Велат дека лидерот на ДУИ се плаши од правдата и од гласовите на народот. 

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗОО ПРОТЕСТИРАА ПОРАДИ ДОЦНЕЊЕ НА ПЛАТИ

Вработени во Зоолошката градина-Скопје за време на паузата излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје да им ја исплатат платата за март. 

Миле Таневски, претседател на синдикатот во ЗОО-Скопје, рече дека не знаат зошто Министерството не им исплатило плата, ниту каде е настанат проблемот, со оглед дека дел од други локални институции  веќе зеле мартовска плата. Нагласи дека не обвинуваат никого туку си ја бараат заслужената плата. Речиси педесетте вработени во ЗОО последната плата ја зеле пред 45 дена и се соочуваат со прекин на здравственото осигурување. 

ВО СТРАНСКИТЕ БОЛНИЦИ ОСТАНУВААТ УШТЕ 18 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти кои беа повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се враќаат од лекување. Како што е наведено во соопштението, петмина доаѓаат од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.

-Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија, велат од Министерството за здравство.

САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откако Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент.

Стејт департментот соопшти дека ја менува „методологијата на својот придонес“ во преговорите и дека повеќе нема да „лета низ светот по првиот повик“ за состаноци.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Расте потрошувачката на струја преку отворениот пазар, но и на енергијата добиена од обновливи извори особено од сонцето, што дури почна да предизвикува и нивно исклучување од мрежата.

Невработените велат дека во потрагата по вработување, праќаат своја кратка биографија паралелно во повеќе компании. Тие аплицираат истовремено на повеќе огласи за вработување. 

Голден Игл Никел, кој треба да биде новиот сопственик на Еуроникел во стечај од Кавадарци, а при тоа фабриката за фероникел треба да го рестартира производството под тоа име, го купува стечајниот имот од поранешно „Фени“.

Вредноста на дивидендата во 2024 година е зголемена за 5 отсто во споредба со 2023 година. УНИ Банка во континутет трета година по ред не само што дели дивиденда туку и ја зголемува нејзината вредност. Така нето дивидендата за 2024 година изнесува 348,3 денари за акција

Компанијата „Макстил“ ги објави своите квартални извештаи кои се однесуваат на првите три месеци од годинава. Од Билансот на успех на оваа челичарска компанија во земјава може да се види дека на приходната страна компанијата ги прокнижила и средствата од солидарниот данок, коишто се очекува да ги наплати од државата по одлуката на Уставен суд, кој, пак, во февруари годинава го поништи Законот за солидарен данок, донесен од претходната власт.

Најголемата банка во земјава, Комерцијална, откако ланската година ја заврши со историски највисока добивка од над 80 милиони евра, годинава продолжува со растот на својата профитабилност. 

Слично

Поврзани вести