Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

АХМЕТИ ПЕЕШЕ ПРЕД МИТИНГОТ ВО ЧАИР

Артан Груби, прв вицепремиер во земјава, на својот фејсбук-профил објави видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее патриотска песна заедно со косовскиот пејач Илир Шаќири.

Во описот на видеото Груби пишува „Нацијата е прва меѓу нас вечерва! Заедно за ЕУ.“

Првиот вицепремиер Артан Груби, вели дека Чаир е на лидерот Али Ахмети и на ДУИ. 

Ваква порака испрати на митингот. Вели дека собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.

„Чаир е  на Али Ахмети и на ДУИ“, кажа Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“. 

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го искритикува ваквото однесување, односно рече дека тој не плаќа даноци за да ДУИ пеат по кабинети. 

ГРКОВСКА ГО ОПОМЕНАЛА ГРУБИ

Славица Грковска, вицепремиерката за добро владеење, рече дека однесувањето на вицепремиерот Артан Груби со играње фудбал во кабинетот не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат. Таа додаде дека функционионерите треба повеќе да внимаваат како се однесуваат.

– Тоа не беше добро прифатено од јавноста. Треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, рече Грковска како коментар на новинарско прашање.

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил со силна критика за самата министерка за борба против корупцијата Славица Грковска. Тоа следува откако Грковска денеска изјави дека изрекла опомени за функционерите на ДУИ за користењето службени возила. 

ЈАНКУЛОСКА Е ДИСКРИМИНИРАНА ВО ЗАТВОР

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е дискиминирана врз основа на пол, е мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а пренесува порталот Плусинфо. 

„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкуловска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најновите податоци на Европскиот статитистички центар велат дека туризмот во ЕУ изминатата година успеал да закрепне, а ова го темелат на податокот дека бројот на туристи достигнал 95 отсто од нивото во 2019 година. И според домашните аналитичари, туризмот полека закрепнува. 

Градежништвото во Македонија е конјуктурен бизнис особено неговиот сегмент – изградба на згради за колективно домување. Токму заради тоа во јавноста постои уверување дека градежниците добро заработуваат.

Вториот најголем производител на леб во земјата - Жито Леб АД Охрид лани заработил речиси 500 милиони денари, или околу 8,15 милиони евра, покажува билансот на акционерското друштво објавен на „Македонска берза“.

Во тетовскиот комбинат „Тетекс“ дојде до мали промени во Одборот на директори, со тоа што на сите петмин им завршил мандатот, но повторно беа избрани четворица од директорите, а само на една директорка мандатот не и е продолжен. 


Слично

Поврзани вести