ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети најавува борба против мајоризацијата
AХМЕТИ ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ МАЈОРИЗАЦИЈАТА
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска праша зошто се изборите ако македонска партија одлучува кој ќе ги претставува Албанците и другите заедници.
Претседателот на ДУИ и на коалицијата Европски фронт, Ахмети денеска на прес-конференција во седиштетото во Мала Речица изнесе категорично тврдење дека коалицијата „Вреди“, како поразена на изборите, со влегувањето во влада на ВМРО-ДПМНЕ го погази принципот за поседување легитимитет кај Албанците и урна дел од принципите на Охридскиот договор. Ахмети рече дека легитимитетот добиен од Албанците и другите заедници не го почитува ВМРО-ДПМНЕ.
РЕАКЦИИ ЗАТОА ШТО ГАШИ ДАДЕ ЗАКЛЕТВА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска на социјалните мрежи реагираше на свечената изјава на новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши и на фактот што целата церемонија прво се водеше на албански, а дури потоа на македонски јазик.
„Новиот Претседател на Собранието на Република Северна Македонија го прекрши духот на мултиетничноста на нашата држава, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик при давањето на свечената заклетва за време на конститутивната седница на новиот собраниски состав.КАЦАРСКА КАЖА ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА ВО ГРЦИЈА
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вечерва изјави дека освен последните закани кои стигнаа до неа, а за кои јавноста беше информирана, во изминатите години имало и физички напади.
Напад се случил на плажа во Грција во перидот кога го судела предметот за поранешниот премиер Никола Груевски.
„Во периодот кога го судев предметот за поранешниот премиер Никола Груевски, кога ја објавив пресудата, после неколку дена отидов една недела на одмор во Грција, со моја другарка. Таму бев физички нападната на плажа, бев удрена со клоца во ногата, во пределот на глуждот. Имав голем оток, имаше модринка и со таква нога возев до Скопје“, рече Кацарска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Голема промена се случила кај директорските позиции на „Раде Кончар - апаратна техника“.
