ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети најави претседател Албанец, Заев кажа што мисли за идејата
АХМЕТИ НАЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛБАНЕЦ, ПО ШТО ЗАЕВ ГО КАЖА СВОЈОТ СТАВ
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешниот митинг во Чаир на гласачите им најави претседател Албанец по заминувањето на Стево Пендаровски.
“После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец”, говореше синоќа Ахмети.
На предизборниот митинг им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, затоа што, како што вели претседателот на „интегративците“ навистина вредно работел и заслужува нов мандат.Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец.
Тој, како што рече, би сакал да го дочека тоа, но потенцира дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата, туку и од останатото неалбанско население. Ова од причина што, според него, претседател се избира на непосредни избори, а не со партиски и политички договори.
„Ќе го чекам моментот кога граѓаните и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин кој не е Македонец. Ова е наша заедничка земја, овде сите сме родени, татковците и дедовците ни се родени, а тука ќе ни биде и заедничката иднина“, рече Заев во одговор на новинарско прашање, откако лидерот на ДУИ Али Ахмети нагласи дека наредно што ќе исполни оваа партија, ќе биде избор на Албанец за претседател на државата.
Премиерот потсети дека преседателот се избира на непосредни избори каде гласаат граѓаните, и оти тоа не се договара партиски и политички.ДЕНЕС ИМА 130 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – 7, Прилеп – 6, Охрид и Крива Паланка – по 4, Куманово и Битола – по 3, Гостивар и Кичево – по 2, Демир Хисар – 1.
Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по 9, Тетово – 7, Кавадарци и Кратово – по 6, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5, Битола, Струга и Гевгелија – по 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Лице заразено со коронавирусот починало по лечење дома, а ДСЗИ предупредува на внимателност.
Станува збор за жена заразена со коронавирусот која починала во ковид-центар неколку часа по приемот, откако претходно една недела засега непознат лекар во домашни услови и давал инфузија.МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ДОНЕСОА ДЕКЛАРАЦИЈА
Здруженијата на Македонците во Бугарија донесоа Декларација со која бараат Софија да престане со нивно негирање, дискриминација и асимилација. Тие ја осудуваат политиката на Бугарија кон Македонија, ја повикуваат македонската влада да престане со непринципиелни компромиси и ја повикуваат Европската Унија да не се дозволува злоупотреба на ветото.
„Го осудуваме начинот на кој беше спроведен последниот попис во Бугарија, со мноштво нарушувања на правото на самоопределување и пречки за Македонците да можат да ја изјават својата народност. Ја осудуваме пасивноста на македонските влади во последните три децении, кои наспроти својата уставна обврска да се грижат за македонските малцинства надвор од Македонија, никогаш го немаат поставено пред Бугарија прашањето за негирање, дискриминација и асимилација на македонското малцинство“, се вели во Декларацијата на Македонците во Бугарија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
