ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aгелер не ја коментира посетата на Курти, нејзиниот косовски колега вели дека САД не поддржува промена на граници
АГЕЛЕР НЕ ЈА КОМЕНТИРА ПОСЕТАТА НА КУРТИ
Oд Амбасадата на САД во Скопје не сакаат да ја коментираат посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово и Чаир во петокот.
„Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина“, велат оттаму.
За време на посетата во Тетово се вееја знамиња на „Голема Албанија“, гест кој го вознемири регионот и поради што полицијата ги повика на разговор градоначалниците на Чаир и Тетово, Висар Ганиу и Билал Касами. Против нив се поднесени прекршочни пријави.
АХМЕТИ ВЕЛИ ЌЕ ГРАДАТ ПАТ ДО ПРИЗРЕНКосовскиот премиер Албин Курти денеска го испрати министерот за ќивотна средина Либурн Алиу кај Али Ахмети, кој на денешната прес-конференција во Тетово рече дека комуникацијата со Косово продолжува без промени.
Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу денеска на барање на премиерот Албин Курти оствари средба со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Алиу рече дека на средбата се разговарало за патот Тетово-Призрен, а нагласил дека надлежните се во фаза на финансиски договор за тунелот што ќе треба да се изгради.ЗАХАРИЕВА ВЕЛИ ДЕКА ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ НЕ Е ГОЛЕМА РАБОТА
Република Северна Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската унија, изјави заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е потпретседател на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021).
Повод за нејзиниот коментар, како што пренесува БГНЕС, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија. што е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што Скопје треба да го спроведе пред да започнат пристапните преговори со ЕУ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
