ФАКТОР НА ДЕНОТ: Адвокатите имаат многу забелешки за обвинението за пожарот во „Пулс“
АДВОКАТИТЕ ИМААТ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Адвокатот Петре Шилегов остро го оспори обвинителниот акт за пожарот во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, оценувајќи дека документот е правно слаб и непрофесионално изработен. На денешното рочиште, тој посочи дека судот е соочен со задача да донесе пресуда што ќе биде правно издржана и фер и кон оштетените и кон обвинетите.
Шилегов истакна дека неговиот клиент, Шефкет Хазари, не смее да биде жртва на погрешно оформено обвинение.
ЗИМЗОЛЕНД ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ
По серијата реакции од жителите на Лисиче околу функционирањето на забавниот парк „Зимзоленд“ и дилемите за тоа кој е одговорен за неговото поставување и контрола, надлежните институции спроведоа вонреден и координиран инспекциски надзор на локацијата.
Општина Аеродром по прашањата на Женски магазин, појасни дека увидот бил извршен на 10 декември 2025 година, во 17 часот, врз работата на правното лице „Мега Луна 25“ ДООЕЛ Битола – компанијата задолжена за организацијата на манифестацијата.ОЈО ИЗЛЕЗЕ СО ДЕТАЛИ ЗА МАЖОТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА НОВИНАРИТЕ ОД ИНФОМАКС
Oбвинителството поведе постапка против едно лице за насилство и спречување новинари во службата.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик.
СДСМ ЈА ОБЈАВИ РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА МИГРАНТИТЕ
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите и очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише.
Опозициската партија попладнево го објави тој документ и рече дека очекува пратениците од власта да го потпишат.
Еве ја резолуцијата:
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Собранието на Република Македонија ќе вработува дури 33 лица. На Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат кандидати заинтересирани да работат во највисокото државно тело.