Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Абази рече дека не е член на партија, но се појавија фотографии на кои тој е со кадри на ДУИ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Абази рече дека не е член на партија, но се појавија фотографии на кои тој е со кадри на ДУИ

АБАЗИ ТВРДИ ДЕКА НЕ Е ЧЛЕН НА ПАРТИЈА

Новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминасл, Ислам Абази, денеска за прв пат се појави пред јавноста.

Тој најпрво им се заблагодари на своите гласачи-обвинители кои го избраа. Вети борба против организираниот криминал и корупција и рече дека искуството го црпе од повеќе програми, проекти и работни групи во кои учествувал.

– Колегите во мене препознаа човек кој ќе биде успешен и праведен. Им благодарам – рече Абази.

СЕ ПОЈАВИЈА ФОТОГРАФИИ НА АБАЗИ СО ФУНКЦИОНЕРИ НА ДУИ

Медиумот на албански јазик Pamfleti објави фотографија од наследникот на Вилма Русковска, Ислам Абази на која се гледа дека тој е фотографиран со Невзат Бејта, поранешен градиначалник на Гостивар и потпретседател на ДУИ, пренесе Сител.

Ислам Абази на лов со Невзат Бејта – потпретседател на ДУИ, пишува Pamfleti за изјавата на Абази.

АРСОВСКА БАРА ОСТАВКА ОД СЛАВЕСКИ

Неотповиклива оставка на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, бара градоначалничката Данела Арсовска. 

Таа воедно поднесе и итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа.

„Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е, 45 советници, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славески кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор“, велат од Град Скопје.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Психологот Наталија Наумовска објаснува дека инфлацијата како неизбежна појава се одразува негативно на психата на луѓето, кои сега се во тесно, мораат да штедат или да си најдат дополнителен извор на приходи за да ги задоволат потребите. 

Во Собранието е доставен предлог закон за изменување на Законот за акцизите, по итна постапка. Предлогот е на група пратеници од опозицијата, односно од најголемата опозициска партија во земјава. Со него пратениците предлагаат намалување на акцизите кои се пресметуваат на енергентите и електричната енергија, со што граѓаните би добиле енергенти по пониски цени од сегашните.

АД ГА-МА, друштвото кое од лани е во целосна сопственост на државата, до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за поскапување на цената за пренос на природниот гас во Македонија.

Куќа и стан во Кичево и околината, моторно возило и кредит.

Со толкав имот располага сегашниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар, а иден шеф на Обвинителството за организиран криминал и наследник на Вилма Русковска, Ислам Абази.

Никој веќе не говори за Ковид-19, стравот од корона вирусот речиси преку ноќ исчезна, особено по почетокот на војната во Украина, вели во разговор за Фактор, епидемиологот Александар Стојанов. Но, вирусот секако постои, и луѓето иако во помал број се заразуваат. Кај нас, за среќа бројките се многу подобри, отколку оние кои ги пријавуваат во соседството, посочува тој.

Верувале или не, излегува дека „Пуцко Петрол“ ќе го кредитира скопското јавно сообраќајно претпријатие. Зошто? Оти никој друг не се нафатил да даде понуда и да го снабдува ЈСП со 14.500 тони дизел горива со рок на плаќање до 90 дена!

Слично

Поврзани вести