ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА ДЕКА ЌЕ ИМА ПРИФАЌАЊЕ АЗИЛАНТИ ОД БРИТАНИЈА
Македонската влада негира дека преговара со Велика Британија за прифаќање на баратели на азил. Британскиот Тајмс јави дека двете влади водат разговори за отворање центри за враќање на мигранти.
Според извештаите, Северна Македонија е една од двете балкански држави кои се заинтересирани за шемата. Втората е Косово. Велика Британија би им плаќала за секој мигрант што ќе го прифатат.
Владата ги демантираше пишувањата и тврди дека не се преговара за такво нешто.
МЕНДИ ЌИРА ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВАСтрушката полиција поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и градоначалникот Меди Ќира зошто на прославата на Денот на албанското знаме воопшто не беше истакнато државното знаме.
ЗАЕВ МУ ОДГОВОРИ НА ГРУЕВСКИ
Во препукување на социјалните мрежи помеѓу двајца поранешни премиери, се огласи Зоран Заев откако Никола Груевски претходно напиша дека овој првиот тргувал со руски челик.
Заев му порача на Груевски дека од Русија „не добил ни капка вода“ и дека досега ако не пребегал во Унгарија ќе ја одлежел затворската казна и ќе бил слободен.
„Никола, Тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Фискалниот совет, независно тело, задолжено за анализи и мислење за фискалните ризици и исполнувањето на Буџетот на државата и фискалната стратегија е во потрага на раководител на сектор за стручна поддршка.
foto printskrin
