Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет лица се осомничени за криминал на Клиниката за онкологија „тежок“ 30 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ:  Пет лица се осомничени за криминал на Клиниката за онкологија „тежок“ 30 милиони евра

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИЗЛЕЗЕ СО ДЕТАЛИ ЗА ОНКОЛОГИЈА

На поранешните директори на Клиниката за онкологија и радиологија Нино Васев и Нехат Нухи, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на барање на обвинителот. 

Како што соопштуваат од Кривичен суд на Васев и Нухи им е издадена мерка забрана за напуштање на домот, но и одземен пасошот

- Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог за определување мерки за претпазливост на Основното јавно обвинителство – Скопје против две лица, кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со случајот „Онкологија“, по ценење на фактите изнесени од странките во однос на предлогот донесе решенија со кои: 

Се прифаќа предлогот и на Н.В. му се опредлуваат мерки за претпазливост по чл. 146 ст.1, т. 1,2,3 и 7 од ЗКП односно Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување на службено лице во судот, Одземање на патна исправа и забрана за издавње нова и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ГО ПОМИНА КОМИСИСКИОТ ФИЛТЕР ЗА УСТАВЕН СУДИЈА

Универзитетската професорка Ана Павловска-Данева го помина комисискиот филтер за уставна судијка. 

Со седум гласа „за“, три „против“ и ниту „воздржан“ собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска го утврди предлогот на владејачкиот СДСМ, Павловска-Данева да биде кандидат за судија во Уставниот суд. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во матичната собраниска комисија повторно кажаа дека предлогот на Павловска-Данева за уставен судија е партиски, а од СДСМ ги отфрлија тврдењата и повикаа да се комплетира составот на Уставниот суд. 

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ во текот на расправата го оспори предлогот за Павловска-Данева да биде номинирана за кандидат за уставен судија. Додаде дека таа е поранешна партиска потпретседателка на партијата која ја предлага – СДСМ.

НЕМА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА АКО НЕ СТЕ ГО СМЕНИЛЕ ПАСОШОТ

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, како и во грчкиот Парламент утрово, одговарајќи на пратеничко прашање, порача дека Преспанскиот договор не може да се смени еднострано, објави МИА.

- Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните, истакна Герапетритис од Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сè повеќе млади луѓе поминуваат многу време на социјалните мрежи. Ова може негативно да се одрази на концентрацијата, квалитетот на сонот, може да доведе до запоставувањето на приоритетните обврски, до зголемена анксиозност и депресија. Поради опседнатост со социјалните мрежи, луѓето можат да ги запостават работата, своето хоби или учењето.

Добивката од 58,2 милиони евра е рекордна, но без проблемот со ФЕНИ веројатно ќе беше ненадминлива! „Комерцијална банка“ ја има најдобрата година во своето постоење, а резултатот е комбинација од повеќе фактори. 

Најуспешната фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ продолжува да биде интересна за инвеститорската јавност.

Два конзорциуми и една компанија се вклучиле во отворената постапка на Дирекцијата за ТИРЗ за доделување на локации во пет различни технолошко индустриски развојни зони за изградба и поставување соларни централи, во повик што беше објавен во ноември лани. Склучување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, стопанисување и финансирање на овие централи е предвидено во ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2, ТИРЗ Штип, ТИРЗ Струмица, ТИРЗ Прилеп и ТИРЗ Струга.

Новата техничка Влада веќе е дефирнирана и таа треба да ги организира престојните избори, претседателските и парламентарните. Вообичаено изборите го окупираат вниманието на јавноста, но и на партиите, па дури и најголем дел од енергијата на надлежните институции е насочена кон нивно организирање и спроведување.

Слично

Поврзани вести