Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски и Бегај зборуваа за зајакнување на билатералните односи и унапредување на регионалната соработка

ФАКТОР НА ДЕНОТ:  Мицкоски и Бегај зборуваа за зајакнување на билатералните односи и унапредување на регионалната соработка

БЕГАЈ СЕ СРЕТНА СО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ

Денеска остварив средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

- На средбата разговаравме за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси.

Македонија и Албанија немаат отворени прашања, изјави во своето обраќање претседателката Гордана Силјановска Давкова на заедничката прес-конференција со својот гостин, албанскиот претседател Бајрам Бегај. Таа го истакна значењето на билатералната соработка, но и на почитувањето на малцинствата во двете земји.

ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ПЛАТИ 11.000 ЕВРА НА ЗАТВОРЕНИК КОЈ БИЛ ТЕПАН

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права информираат дека Европскиот суд за човекови права вчера донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот „Фитим Муслиу против Северна Македонија“, поднесена на 30 август 2022 година.

Предметот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осудениот бил тепан од полицаец од затворот „Идризово“, пред кантината. Како последица на нападот, затвореникот се стекнал со телесни повреди.

ЗНАМ ПРЕДЛАГА БРОЈОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СЕ НАМАЛИ НА 90

ЗНАМ се залага да се воведе една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и на независните пратенички листи. Oва го соопшти потпретседателката на движењете ЗНАМ, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство.

Таа ја потврди заложбата на ЗНАМ за суштински и системски измени на изборниот модел во Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Некогашниот тетовски трговски гигант ТЕТЕКС АД Тетово продолжува да остварува позитивни финансиски резултати, а според најновиот финансиски извештај за изминатата година компанијата ја заврши годината со солидна добивка.

„Фонко-Хидро“, фирма во која порано свој сопственички удел имал и премиерот Христијан Мицкоски, е меѓу најамбициозните  компании кои ги пријавиле најголемите фотоцентрали за изградба како прифатливи проекти за Владата во Планот за изградба на енергетски објекти за 2026-та..

Во групите на социјалните мрежи често има огласи за вработување. Станува збор за огласи за работа во земјава, но и во странство. Голем број од нив се нејасни, со делумни информации за тоа што се бара од кандидатите.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести