Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе се намалат цените на повеќе од 675 производи

ФАКТОР НА ДЕНОТ:  Ќе се намалат цените на повеќе од 675 производи

ВО РАМКИ НА НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА НАД 670 ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ

Над 600 производи од 15 декември ќе имаат намалени цени за најмалку 10 процени, а меѓу нив ќе се најдат дел од основните прехранбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото и преработките, свежи продукти, како и пијалоци, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на пресконференција. 

- Во присуство на производителите и дистрибутерите, на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме - нагласува премиерот. 

ПРИВЕДЕНО Е ЛИЦЕТО КОЕ ЗАПАЛИ ВОЗИЛА И ДУЌАН ВО КУМАНОВО

Oд „Вреди“ велат дека уапсениот за опожарените возила и дуќан е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами. 

Ја поздравуваат брзата реакција на полицијата и откривањето на лицето кое запали и опожари автомобили и една фотокопирница. Од коалицијата информираат дека уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил беше опожарен.

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛНИОТ УЧЕНИК ПОРАДИ КОЈ УЧЕНИЦИТЕ БОЈКОТИРААТ НАСТАВА

По бројните бурни реакции и протестите во две основни училишта формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни. 

СДСМ НЕМА ДА ГИ ПОДДРЖИ ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ НА ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во име на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на СДСМ да не ја гласаат интерпелацијата за четири функционери меѓу кои  министерот за внатрешни Панче Тошковски, а која ја поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Мицкоски рече дека политичките партии и покрај тоа што се во опозиција, според него, тие се свесни дека иницијативата на ДУИ ја влече земјата во „политичко мочуриште“.

СДСМ ваквата одлука ја донесе на вчерашниот прв Извршен одбор по изборот на новото раководство, додавајќи дека во моментот гласањето недоверба на владините функционери не е решение за излез од кризата, но остануваат на барањето за лидерска. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Растот на цените на најреспектабилните четири до пет акции на Македонската берза во голема мерка е предизвикан од големите пари кои овој месец (ноември н.з.) се свртеа од продажба на акции во „Македонијатурист“. 

Идните пензионери се загрижени по препораката на Фискалниот совет дека старосната граница за пензионирање треба да се зголеми на 67 години за мажи и за жени, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека е против тоа, но и газдите не гледаат благонаклоно на истото.

ЕСМ се подготвува за испади и дефекти на блоковите од термоелектраните, па како план за покривање на извесното нестабилно производство, на оглас бара оператори кои веднаш ќе му продададат „складирана“ електрична енергија за да не се почувствува кризата.

Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за следната година ќе има помалку приливи во касата, но планира зголемување на бројот на вработени. Годишната програма на Агенцијата, која е задолжена за издавање дозволи за јавен железнички превоз, дозволи за превоз за сопствени потреби, дозволи за управување со железничка инфраструктура, како и за контрола на издадените дозволи е доставена во Собранието.

После серијата блок трансакции кои оваа недела се случија со акциите на „Македонијатурист“, компанијата објави кои се промените во сопственоста кои таму се случиле, и кои акционери сега се најдоминантни, а кои или го намалиле својот акционерски капитал, или целосно излегле од акционерската структура на компанијата.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести