Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ФЗО откри лажни боледувања во МВР

ФАКТОР НА ДЕНОТ:  ФЗО откри лажни боледувања во МВР

ФЗО ОТКРИ ЛАЖНИ БОЛЕДУВАЊА

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР. 

Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена. 

Најчесто користени дијагнози при издавање на боледувањата биле: болести на респираторниот систем (82 случаи), болести на мускулно-скелетниот систем и сврзното ткиво (69 случаи), болести на дигестивниот систем (45 случаи). При контролата се утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што претставува околу 37 проценти од опфатените случаи. 

ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ КРИЗНА СОСТОЈБА

Владата донесе одлука за постоење на кризна состоjба во рок од 30 дена, поради „судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Републиката“, како што се наведува во актот.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состоjба на целата територија. бјавено е дека со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира Главниот Штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ОД УТРЕ

И покрај намалувањето на ДДВ--то од 18 на 10 отсто, дизел горивото од утре ќе биде поскапо за 3,5 денари.

Со новата одлука што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, литар дизел од утре ќе изнесува 95,5 денари. Цените на бензинот остануваат исти - 86,5 и 88,5 денари за литар.

САВЕСКИ ЌЕ БАРА ОД КОЛЕГИТЕ ПОЛЕСНО ДА СЕ РЕШАВААТ ЗА ЗАТВОРСКИ ПРИТВОР

Прво треба да се елиминира најблагата мерка за обезбедување присуство на осомничен или обвинет, пред да се бараат построги мерки, вели новиот државен јавен обвинител Ненад Савески. Дополнително, вели тој, условите во притворските одделенија во државата се нехумани, а секој притвореник е и трошок за државата.

Наместо воспоставената пракса лесно да се ставаат осомничени и обвинети лица во затворски притвор, Савески смета дека почесто треба да се употребуваат гаранциите. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Борче Спасовски, доскорешниот градоначалник на Ранковце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од почетокот на месецот за прв пат станува сопственик на фирма која била основана додека тој ја водел општината и веднаш покажала метеорски успех додека бил во тек неговиот мандат.

Реновирањето во Македонија во последните една-две години значително поскапе, пред сè поради растот на цените на градежните материјали, но и поради сè поголемиот недостиг на мајстори. Цените варираат зависно од градот, квалитетот на материјалите и искуството на изведувачите, но трендот е јасен – услугите се поскапи од порано, а побарувачката е поголема од понудата.

Европа по претрпениот шок во односите со клучниот стратешки партнер САД размислува за поголема независност во одбраната, економијата и меѓународните односи, но најпрво ќе мора да размислува за развој на сопствена технологија, особено поголема независност за вештачка интелигенција. Тоа е еден од клучните столбови кој го истакна францускиот претседател Емануел Макрон.

Поради војната на Блискиот Исток, земјоделците се загрижени дека допрва ѓубривата ќе поскапуваат, а дел од нив земале и некоја вреќа плус, со цел да имаат мали залихи. Сепак, дали ќе има голем ценовен шок е неизвесно. 

фото Фејсбук/Сашо Клековски

Слично

Поврзани вести