ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дискотеката „Пулс“ почнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови
НОВИ ДЕТАЛИ ОД СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжива судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа во континуитет формално и суштински не постоеле услови и не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот.
Обвинителката Наташа Сарамандова во судница презентираше повеќе докази, меѓу кои и барање од 10 октомври 2012 година од сопственикот Дејан Јованов за издавање на лиценца за кабаре.„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ И ВО ОХРИДСКО
Проектот „Безбеден град“ се воведува и во охридско.
СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 1 февруари 2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.
„Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид.
КЛЕКСАН И ФРАКСИПАРИН ОД ЈУЛИ ЌЕ БИДАТ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА
Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите.
- Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат кај повозрасната популација со срцеви проблеми - појасни директорот.
СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА ПОГОДИЈА ВЕНЕЦУЕЛА, ИМА ЖРТВИ И МНОГУ ИСЧЕЗНАТИ
Во Венецуела моменталниот број на исчезнати лица по земјотресите е 26.086.
На веб-страница формирана по разорните земјотреси, луѓето споделуваат фотографии од блиските кои не ги нашле.
На веб-страницата, исто така, се вели дека повеќе од 1.200 лица се пронајдени откако биле пријавени како исчезнати, давајќи им надеж на семејствата што ги бараат своите најблиски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
