Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор магазин: Се враќа ли Љубчо Георгиевски во ВМРО ДПМНЕ?

Фактор магазин: Се враќа ли Љубчо Георгиевски во ВМРО ДПМНЕ?

Во најновото издание на Фактор Магазин кое ќе се емитува во недела во 20:45 часот на ТВ24 гости се Љубчо Георгиевски и британскиот амбасадор Чарлс Герет.
Дали основачот на ВМРО ДПМНЕ ќе му донесе гласови на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски гласови на евентуални нови парламентарни избори? Колку гнев има во првиот лидер на ВМРО ДПМНЕ кон партиското опкружување околу Груевски и Мијалков?

Во емисијата Фактор Магазин и интервју со Чарлс Гарет амбасадор на Велика Британија во Македонија со британскиот дипломат разговараме за и реформскиот процес, спорот со името и шансите тој да се реши до НАТО самитот.
Какви се шансите Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ, но и лаква порака испраќа Лондон со излезот на земјата од европското семејство до државите кандидати за членство? Чарлс Гарет говори и за трошењето државни пари на одредени функционери.


Слично

Поврзани вести