Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор Магазин: Мицковски тврди дека ќе има реформи во ВМРО-ДПМНЕ од дното до врвот

Фактор Магазин: Мицковски тврди дека ќе има реформи во ВМРО-ДПМНЕ од дното до врвот

Во последното издание на ТВ емисијата Фактор Магазин ќе може да го погледнете првото интервју на Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, дадено по катастрофалниот пораз на локалните избори. 

Мицковски говори за причините за поразот при што најмногу ја обвинува сегашната власт за притисоците кои ги вршела на терен, а според него помал удел имала и неговата партија со погрешни одлуки и чекори како и последици од последните 10 години на владеење. 

Ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и покрај тоа што изборите ги прогласија за нелегитимни нема да ги повлечат добиените мандати за градоначалници и советници во општините.

За реформи во партијата вели дека ќе има од дното до врвот и тоа е непходно за ВМРО-ДПМНЕ.


Гледајте Фактор магазин во недела во 20.45 часот на Телевизија 24.

Слично

Поврзани вести