Фактор магазин: Kој ќе се всели во резиденцијата на Водно, се уште неизвесно
Изминува мандатот на претседателот Ѓорѓе Иванов. Kој ќе се всели во резиденцијата на Водно, сè уште неизвесно. Дилемата најмалку е персонална. Се тестира идејата за избор на избор на коалиција меѓу Македонците и Албанците за идниот шеф на државата. Дали се неопходни и парламентарни избори? Кога Заев ке замине од Илинденска бр.2? Првиот пасош на Република Северна Македонија на албански ќе го земе лидерот на СДСМ. Албанците во јазична експанзија. На овие и други прашања и дилеми разговор со Атанас Кировски главен и одговорен уредник на Телма, Огнен Јанески главен и одговорен уредник на тв24, Васко Попетревски автор и водител на емисијата 360 степени и Лирим Дулови од весникот Коха. Македонците си го девалвираат својот мајчин јазик. Интервју со д-р Борче Арсов од Институтот за македонски јазик на ТВ 24 во четврток од 19.15 и реприза во недела Фактор магазин, вечерва во 19.15 часот
