ФАКТОР МАГАЗИН: Како да се врати кредибилноста и довербата во МТВ?
Каков концепт на јавен сервис е потребен што би обезбедил максимално стеснет простор за политичко влијание во управувањето и уредувачката политика? Како да се врати кредибилноста и довербата во МТВ? Какво финансирање, од буџет или од јавни давачки?
Како МТВ да ги привлече креативните имиња кои се надвор од Јавниот сeрвис и да ги поттикне внатрешните потенцијали? На овие и други прашања разговараме со Zaneta Skerlev поранешен уредник на македонската редакција на BBC и новинарот Зоран Иванов кој најголем дел од новинарската кариера ја има помина во МРТ.
Во Фактор магазин интервју со хрватскиот новинар и автор на емисијата "Недела во Два" Александар Станковиќ. Германскиот амбасадор Томас Н. Герберих говори за тоа какви се шансите Македонија идната година да добие датум за пчеток на преговори до ЕУ ?
Фактор магазин недела 20.45 на ТВ24
