ФАКТОР ИЗБОР: ТОП ТРИ ОГЛАСИ за вработување за денес
Денеска ви претставуваме ТОП три огласи за вработување.
Ако барате работа во моментов, разгледајте ги огласите кои ви ги нудиме и аплицирајте.Можеби работното место ќе биде токму ваше.
*Оглас за вработување во ЛУКОИЛ Македонија...
Оваа компанија бара да вработи „Главен специјалист за големопродажба на нафтени деривати" на определено време.
Условите се:
-Високо образование (Економски, Машински, Технолошки факултет со познавање на проблематиката за трговија на нафтени деривати);
-Работно искуство минимум 3 години во трговија на нафтени деривати;
-Активно познавање на англиски јазик и пожелно руски јазик;
-Познавање и работа на компјутер (MICROSOFT OFFICE i Internet).Огласот е отворен до 19.02.2018та па доколку го привлече вашето внимание аплицирајте тука.
*Владата на Македонија објавува јавен оглас за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Огласот е активен до 19-ти овој месец а условите и каде да испратите ваше CV погледнете овде.
*Вработување во АД Електрани на Македонија! Отворени се 2 (две) работни места.
За потреба од засновање на работен однос во Подружница ХЕЦ Црн Дрим Струга, АД EЛEM Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следните работни места:
- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен за магацин" во Одделението за комерцијални работи, во Служба за финансиски и комерцијални работи.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: III/IV степен,
Средно училиште;
Паричниот износ на основната плата е 26. 981 денари.
- 1 (еден) извршител на работно место „Општ работник" во ХЕ ШпилјеДебар, во Служба за производство на електрична енергија.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: I степен, Основно училиште.
Паричниот износ на основната плата е 16. 988 денари.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:00 до 15:00 часот.
Аплицирајте за овој оглас на овој линк.