ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО - ПОРАДИ РАСПРАВИЈА ЗА ПАРКИНГ ЕДНО ЛИЦЕ ИЗВАДИЛО ПИШТОЛ: Среде бел ден во центарот на Скопје, МВР потврди
Попладнево на
паркингот спроти поранешната фабрика Треска во Скопје е забележано зголемено
полициско присутво. Фактор на терен направи фотографии, а новинарот информира
дека има неколкумина припадници на полицијата, меѓу кои и тројца од
специјалните полициски сили, во маслинеста униформа со заштитни елеци, односно
панцири.
Од МВР за Фактор потврдија дека станува збор за расправија околу паркинг место, при што едно лице се заканувало со пиштол.

-Полициски службеници денеска (09.05.2023) постапиле по пријава на граѓанин дека на паркинг во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг место, едно лице извадило пиштол и му се заканувало. Во моментов во полициска станица се врши службен разговор со едно лице во врска со случајот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели за Фактор портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
