Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ДОЗНАВА: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциска да провери дали во правосудните органи продолжуваат вработувањата

ФАКТОР ДОЗНАВА: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциска да провери дали во правосудните органи продолжуваат вработувањата

Најголемата опозициска парија ВМРО-ДПМНЕ поднела приговор до Државната антикорупциска комисија против Академијата за судии и обвинители, дознава Фактор.

Според нашите информации, со неа се бара да се утврди одговорност за прекршување на членот 8а од Изборниот законик, бидејќи со полагањето на испитите за 130 слушатели во Академијата, според ВМРО-ДПМНЕ, се продолжува постапката за засновање на работен однос, која во Изборниот период во сите други државни институции е ставена во мирување!

Ова е државно известување дека сите започнати постапки за вработување се ставаат во мирување, издадено од Агенција за администрација, одговорна за сите процеси на огласи за вработување во владини институции, локална администрација, судска служба итн.

Инаку, со распишувањето на изборите, Агенцијата за администрација испрати известување до сите државни институции со кое, според законските прописи, ги повикува да ги стават во мирување сите почнати постапки за вработување. 

„Соопштение за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник и за институциите во јавниот сектор. Врз основа на член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), а согласно Решението за распишување избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 37/2024), и Решението за распишување избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 37/2024), започнатите постапки за вработување на административни службеници се ставаат во мирување“, се вели во известувањето.

Известувањето е на овој линк

Слично

Поврзани вести