ФАКТОР ДОЗНАВА: МНР ќе го повика на разговор бугарскиот амбасадор, откако министерот Георгиев го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе го повика амбасадорот на Бугарија, откако нивниот министер за надворешни работи Георг Георгиев го нарече премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски „северномакедонски“ премиер, дознава Фактор од високи извори во МНР.
„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни“, рече Георгиев во интервју на бугарската БТВ.
Засега, нема повеќе информации, дали ќе му биде врачена нота. Ова не е првпат функционери од Бугарија намерно да ги нарекуваат функционерите од Македонија „северномакедонски“.
Александар Тодески
