Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ДОЗНАВА-КОВАЧЕВСКИ ИМА ОГРОМНА ПОДДРШКА ОД КАРПОШОВОТО И БРАНКОВОТО КРИЛО НА СДСМ: Ќе има големи позитивни промени во партијата

ФАКТОР ДОЗНАВА-КОВАЧЕВСКИ ИМА ОГРОМНА ПОДДРШКА ОД КАРПОШОВОТО И БРАНКОВОТО КРИЛО НА СДСМ: Ќе има големи позитивни промени во партијата

Откако заменик министерот за финасии, Димитар Ковачевски потврди дека ќе ја поднесе кандидатурата за иден претседател на владејачката партија-СДСМ во рок од 7 дена со подготвена програма, извори на Фактор брифираат дека тој има огромна поддршка од карпошовото крило на СДСМ.

Велат дека на 12.декември, за кога се закажани внатрепартиските избори, Ковачевски ќе биде безрезервно поддржан од Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана, од Душко Вескоски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош, од екс-градоначалникот Стефан Богоевски. Ковачевски ќе има силна поддршка и од Пеце Мирчевски- директорот на Заеднички служби, како и Виктор Исјановски-директор на Здравствен дом Скопје, а изворите на Фактор велат дека на страната на Ковачевски се и Леонид Наков и Игор Ивановски-Шема, луѓето кои во редовите на СДСМ важат за големи приврзаници на Бранко Црвенковски.

На листата на поддржувачи на Ковачевски, како што велат изворите за Фактор, се и имињата на Ангелчо Андоновски, поранешниот директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, а сегашен управник на Лекарските комисии, но и струмичкото крило на Карпош, Андреј Манолев и Тунџев, директорот на Катастар. 

-Ќе има големи и позитивни промени во партијата, што секако ќе биде во насока за доброто на државата. Поддршката за Ковачевски води кон новиот бран реализирања на реалната и барана програма на која се занова СДСМ. Ова се прогресивни сили кои на 12.декември сета поддршка ќе му ја дадат на Димитар Ковачевски, кој долги години е во СДСМ и е навистина етаблиран кадар во партијата, велат изворите на Фактор.

Инаку, синоќа беше прифатена оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата претседател на Социјалдемократскиот сојуз.

А.Б.

Слично

Поврзани вести